• Latest

Лилјаковиот поглед на македонската стварност

March 24, 2024

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Лилјаковиот поглед на македонската стварност

March 24, 2024 14:24
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Сѐ е жал за силата што ја снемува, по животните сокови кои пресушуваат, по телото кое вене, по мозокот чиј ликвор се претвора во баричка по која се влечат црви, збир на слики на гордата декаденција, грозната раскош.

Не сакам да кажам на што овој опис е слика, но би сакал да го препорачам како огледало на разочараните Македонци.

На тие од ману и професорските загубености, на народот кој тргнал по вмро и на вмро кој му ги нуди кадрите на осилените Албанци кои му земале сѐ, на Европа која му брка во окото на идентитетот и Бугарија која му го вади окото како Василиј на нивните војници пред илјада и кусур години.

Демек слика на Македонија која останува без сила, се суши, соковите ѝ пропаѓаат во земјата или испаруваат и најважно од сѐ, нешто што го немаше во оплакувањата на Коцарев, Ќулафкова и Стефан со неговите оволчени шарпланинци: мозок чиј ликвор се претвора во баричка по чија скрама се влечат црви кои сакаат за шеф на барата да го изберат главниот архитект-вмро.

Во една комоција која е знак на гордата декаденцијата која пак е предзнак на смртта.

Грозната раскош на тајкунството тоа само го потврдува, но и отсуството на свест за привилегијата да живееме, дури и најсиромашните, во едно убаво, мирно, стабилно време кое дава многу повеќе шанси ако луѓето успеат да престанат со очекувањата дека државата е таа која треба да им ги реши сите проблеми.

Кога би била совршена по нивна мерка.

Тие расположенија се резултат на многу фактори и на многу субјекти, но главниот фактор кој на овие расположенија работеше и ги произведуваше како главен аспект на својата историска мисија на растурањето, демек како легло на оволчени шарпланинци од кои тие ќе ја бранат Македонија –  е вмро-дпмне.

Таа злосторничка инсталација ја донесе културата на катастрофата, очајот, декапацитираноста и десубјективизираноста на Македонија.

И сега се нудат да ја спасат од маките така што во првите сто дена од власта ќе ја евтанизираат.

Или, што е уште полошо, ќе ја претворат во земја на идиоти, мислам, ќе ја дозавршат таа работа поаѓајќи од ставот дека само идиотите се добри Македонци.

Бидејќи својата идентификација ја врзуваат со почвата односно со територијата, а не со високите критериуми на нацијата.

Благородно, нема што.

Вмро ја имплантира шизофреноста што нѐ однесе во судир со целиот свет. И со самите себе. На повеќе начини, но пред сѐ така што ни помогна македонизмот да го ослободиме од сите други својства освен од својството да работи против себе.

Тие се мрсулот што се лизга низ образите на убавото лице на Македонија па се суши и како балкански мејкап ја претвора татковината во предмет на подбив и потсмев во Брисел и секаде по светот.

Лигњата, Мисајловски, еј Мисајловски, оној копук од полковник, вештерката што кине европски документи, загубениот лидер и скандинавската кандидатка која има идеја да го сопре вртењето на Земјата за да му каже на светот дека моторот што ја врти е Македонија и затоа заслужува поголемо внимание, благодарност и награда.

Ете, почитувани, таа главометна екипа ќе ја редефинира Македонија од Букурешкиот и Версајскиот договор, до договорот од АСНОМ, Преспа и оној со Бугарија, сосе преговарачката рамка.

Па, добро, какви печурки човек треба да изеде за да поверува во ваква бајка на инсталација која триесет години му покажува дека од него прави мајмун.

Сите имаме опашки и вошки само што не се поскаме бидејки солидарноста и взаемноста никогаш не биле наша карактеристика.

Птицата се тренира да го проголта својот кафез, би рекол Малапарте. Македонците се острвуваат да ја изедат Македонија, бидејќи е толку обезмакедончена што тоа растурање се јавува како највисока национална должност.

Ќе ја изедат сосе кондурите и усраните гаќи. Сосе жиците, поилниците и мандалата за забава.

Тоа не е ослободување од Македонија, за што се залагам јас, духовно и интелектуално индивидуално ослободување од стегите и императивите на колективитетот и колективниот дух, туку е претворање на колективитетот односно на нацијата и државата во баричка со црви и полноглавци, во мозочен, односно емоционален и идентитетски ликвор од боза или некаков шприцер од „смедеревка“ и „пелистерка.“

Погледнете го Стефан или Христијан и сѐ ќе ви биде јасно.

Атмосферата во која беа можни вакви свињарии полека истинува, љубопитството кон тие волшебни решенија паѓа, моќта на вмро паѓа, маските им паѓаат и тие се откриваат како говњарска екипа која сака Македонија да заврши како некоја московска концертна сала или театар.

Не ви препорачувам да пробувате дали Тричковски претерува. Кога ќе ви падне покривот врз главата, каква смисла има да кажете: Човекот беше во право!

Тоа беше главна реченица во рецензијата на професорката Малеска на мојата прва книга која во 2002 година ја отпечатив под најдобриот наслов на сите времиња (хахаха):

Лилјаковиот поглед на македонската политика!


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ