• Latest
Фото: МИА

Запознавање со светот на лицата со аутизам со помош на ВР технологија по повод Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот

April 2, 2024
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Запознавање со светот на лицата со аутизам со помош на ВР технологија по повод Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот

April 2, 2024 19:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

По повод Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот здружението „Сина светулка“ денеска во Ист Гејт Мол организираше едукативен настан, на кој со помош на ВР технологија луѓето имаа можност да видат како изгледа светот на лицата со аутизам.

Претседателката на здружението „Сина светулка“ Јасмина Трошанска, посочи дека целта на денешниот настан е да споделат практични стратегии за оние кои што живеат со лицата со аутизам, со визуелна поддршка им помогнат да станат поуспешни.

– Работиме на подобрување на квалитетот на лицата со нарушувања од спектарот на аутизам. Нашата цел е денеска да споделиме дел од нашите сознанија и одредени практични стратегии како луѓето кои што работат и живеат со децата и лицата со аутизам да им помогнат да бидат поуспешни со визуелна поддршка, да им овозможат полесно да ги разберат нештата што се случуваат, затоа што лицата со аутизам се визулни ученици, рече Трошанска, пренесува МИА.

Потенцираше дека перцепцијата на луѓето за лицата со аутизам најчесто е заснована на карактеристиките кои ги гледаат од надвор, истакнувајќи ја потребата од промена на генералното мислење.

– Важи едно правило доколку децата не можат да учат на начинот на кој вообичаено се учи, потребно е да направиме нешто со цел да им овозможиме сите деца да учат. Потребно е да се направат многу мали промени, затоа што многу малку од луѓето ги познаваат децата со аутизам, најчесто ги познаваат нивните карактеристики онака како што ги гледаат од надвор, рече Трошанска.

Таа посочи дека има примери во светот каде што лицата со аутизам, што кај нас се сметаат за нискофункционални, таму работат и самостојно живеат користејќи алтернативни начини на комуникација.

– Има примери во светот каде што лица со аутизам, што кај нас се сметаат за нискофункционални и дека не можат да работат, таму работат самостојно живеат, комуницираат преку алтернативна комуникација, имаат комуникатори кои што зборуваат за нив, но за тоа се тренираат и учат од многу мали, затоа велам системот на образование треба од почеток да се промени, посочи Трошанска.

Tags: Сина светулка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ