Новинарите беа грубо истуркани од припадниците на агенцијата за обезбедување „Никоб“ и немаа можност да му земат изјава на лицето кое го фати крстот во реката Вардар во Скопје, по повод христијанскиот празник Богојавление.
„Скандалозно и неприфатливо е припадници на приватно обезбедување да туркаат новинари на јавен настан. Јас сум шокирана од односот на обезбедувањето, како да обезбедуваат некоја филмска ѕвезда и не дозволуваа никој да се доближи до човекот. Организаторите морале да им објаснат дека не обезбедуваат приватна журка, туку дека тоа е јавен настан и дека мора да им дозволат на новинарите да земат изјава од лицето што го фати крстот“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, новинарката на Ал Џезира, Маја Блажевска.
При обидот да земе изјава по фрлањето на крстот во Скопје, новинарот на Сител, Александар Спасовски – Сарма, имаше и физички конфликт со обезбедувањето кое не му дозволи да се доближи до човекот кој го фати крстот.
Д. М.












