• Latest
Фото: МИА архива

ИЗБОРНА ХРОНИКА: ОИК максимално да се посветат на изборите; да не се даваат пари од буџетот за анкети; Кабинет со жени; укинување на Охридскиот, Преспанскиот и Бугарскиот договор; џентлменски договор помеѓу ВЛЕН и ДУИ, еднакво општество за сите

April 9, 2024

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
Students are focusing on books and making notes while studying and learning in a university library, representing education, academic research, and the pursuit of knowledge, copy space

Алармантни податоци за писменоста, ПИСА 2025: Северна Македонија далеку под просекот во знаење и вештини

September 9, 2026
Ед Милибанд (фото извор: GOV.UK)

Историски пресврт во британската политика кон Израел: Санкции за окупацијата и обвинувања за етничко чистење

September 9, 2026
Ландтаг, Саксонија-Анхалт

АФД победи во мала покраина, но предизвика голем потрес: Саксонија-Анхалт како предупредување за цела Германија

September 9, 2026
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: ОИК максимално да се посветат на изборите; да не се даваат пари од буџетот за анкети; Кабинет со жени; укинување на Охридскиот, Преспанскиот и Бугарскиот договор; џентлменски договор помеѓу ВЛЕН и ДУИ, еднакво општество за сите

April 9, 2024 14:16
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

ДИК: Општинските изборни комисии да се вклучат максимално во активностите на претстојните избори

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) Бобан Стојановски и Борис Кондарко побараа од општинските изборни комисии (ОИК), максимално да се вклучат во активностите за претстојните Претседателски и Парламентарни избори и како што рекоа, да бидат по одговорни, поактивни и поажурни.

На вчерашната  седница на ДИК се одлучуваше по барања за изземање од извршување должност претседател, заменик претседател  и член на општинските изборни комисии, а по случаен избор беа одредени нови лица. ДИК одобри и акредитација за изборите на 13 меѓународни набљудувачи од Централната изборна комисија на Косово.

Стево Пендаровски: За сето време на мојот мандат пари од буџетот на претседателот нема да бидат дадени за анкети, за пропаганда, за плаќање какви било експерти

Актуелниот претседател и кандидат на претседателските избори од коалицијата „За европска иднина“ , Стево Пендаровски, во интервју за МИА ги коментира  случувањата околу нарачувањето лажни анкети од страна на ВМРО –ДПМНЕ.

Стево Пендаровски, кандидат на коалицијата „За европска иднина“

Во врска со тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека станува збор за фалсификување документ, зад кое стојат Ковачевски и Пендаровски, заедно со израелскиот медиумски стратег Асаф Еисин, Пендаровски вели дека тој нема поим за каков документ станува збор, ниту учествувал во такво нешто, ниту му паѓа на памет тоа да го стори, а за Израелецот вели дека го видел еднаш во животот и дека со него нема никаков договор.

„За сето време на мојот мандат пари од буџетот на претседателот нема да бидат дадени за анкети, за пропаганда, за плаќање какви било експерти.“, посочи Пендаровски.

Гордана Силјановска Давкова: Ако има жена претседателка, жените ќе се идентификуваат со неа и ќе бидат поуспешни

Кандидатката за претседател поддржана од коалицијата „Твоја Македонија“, Гордана Силјановска Давкова,  на синоќешниот митинг во Битола порача:

„Тие што тврдат дека ќе бидеме изолирани доколку дојдеме на власт, нека покажат кој ги поддржува на овие избори.

Гордана Силјановска Давкова, кандидатка на коалицијата „Твоја Македонија“

-Деновиве слушам дека ако сум станала јас претседателка, а господинот Мицкоски премиер, оваа држава ќе била изолирана. Интересен феномен! Еве јас ги прашувам, тие што тврдат дека сме изолирани, а дека тие се внатре во Европската Унија, кој нив ги поддржува на овие избори“, истакна Силјановска Давкова.

Таа најави  дека во нејзиниот Кабинет ќе има жени со што ќе им докаже на мажите дека се откажуваат од многу ум кога говорат за квоти во политиката.

– Ако има жена претседателка, жените ќе се идентификуваат со неа и ќе бидат поуспешни не само во семејството и на работа, туку и во политиката оти и политиката е од женски род, рече Силјановска Давкова.

Билјана Ванковска: Укинување на Охридскиот, Преспанскиот и Бугарскиот договор во мојот мандат

„Кандидатката на Левица за претседателка на РСМ, Билјана Ванковска, на синоќешните  средби во Гевгелија и Богданци уште еднаш го повтори цврстиот став искажан за укинување на трите штетни договори кои ја влечат нашата татковина надоле, а тоа се Охридскиот, Преспанскиот и Бугарскиот договор, соопштија вечерва од оваа партија.

Билјана Ванковска, кандидатка на Левица

Според Ванковска, членувањето во некои идни сојузи не смее да биде заради интерес на некои други држави и геостратегии, туку истиот да биде само заради интереси на Република Македонија и на нашиот македонски народ.“

Арбен Таравари: Имаме џентлменски договор со ДУИ европската интеграција да ни биде приоритет

Има еден договор меѓу нас, „ВЛЕН“ и ДУИ, не потпишан, туку џентлменски, од пред повеќе месеци, дека европската интеграција би била приоритет за државата.

Арбен Таравари, кандидат на коалицијата „ВЛЕН“

Остануваме на тоа, но временски не можам да кажам „пред да се формира владата“, туку дека ние сме најголемата гаранција за идната влада дека ќе продолжи по европскиот пат, онака како што сакаат повеќето граѓани на Македонија, изјави за МИА претседателскиот кандидат на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари, кој пред неколку дена изјави дека „џентлменскиот договор“ со ДУИ се состои од тоа дека нема да формираат влада со партија која се противи на промените во Уставот.

Мислам дека шест месеци се добар период во кој треба да поминат уставните измени за да ги почнеме преговорите со ЕУ, посочи Таравари.

Бујар Османи: Еднакво општество за сите без разлика на бројот на припадниците на одредена етничка припаднос

„И покрај ограничената моќ, како иден претседател ќе станам авторитет кој ќе ги обедини различните политички и етнички наративи и активен адвокат на правата на граѓаните, во борба против било која форма на дискриминација, нагласи кандидатот за претседател од „Европскиот фронт“, Бујар Османи, на јавната дебата по повод одбележување на 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите.

Бујар Османи кандидат на „Европски фронт“

Османи образложи дека разликата меѓу едно општество за сите и еднакво општество за сите е дека во првиот концепт најбројните ќе доминираат додека на вториот, без разлика на бројот на припадниците на одредена етничка припадност, сите се еднакви во правата и привилегиите.

Подготви: Дијана Тахири во соработка со ЦМТ

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ