• Latest

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборни правила

April 10, 2024
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
Избори во Молдавија, 2021 година (фото извор: OSCE Parliamentary Assembly from Copenhagen, Denmark, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons)

Молдавската проруска партија не ги признава резултатите од изборите и се заканува со протести

October 8, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Ќе се гласа само еднаш, гласањето е тајно, со важечка лична карта или пасош и биометриска идентификација

October 8, 2025

Меџити: Владата го раскина договорот за концесија за експлоатација на варовник во Скопско Страчинци

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски до СДСМ: Папагалски повторувања и очај маскиран во политика – нема да поднесам оставка

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на DER STANDARD

Баварија ќе ѝ дозволи на полицијата да соборува неидентификувани дронови по инцидентот во Минхен

October 8, 2025

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци Панчо Минов, носител на независна листа за Локалните избори 2025

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборни правила

April 10, 2024 14:53
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Сомневањата за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, се основани, приговорот поднесен од претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова се усвојува. Вака едногласно, со пет гласа, одлучи денеска Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по доставен приговор од кандидатката за претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова. Приговоротсе однесуваше за кршење на изборните правила.

Комисијата, согласно надлежностите, ќе преземе мерки и ќе иницира постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи.

Против одлуката е дозволена тужба до Управниот суд.

Според приговорот на Силјановска – Давкова, доставен на 6 април до ДКСК, Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик, заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.

Во образложението на приговорот, пишува дека Академијата за судии и јавни обвинители во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година, АСЈО го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест.

– Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе, што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик, пишува во приговорот на Силјановска – Давкова.

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер – Дамјановска на седницата нагласи дека се незадоволни од одлуката и оти правдата ќе ја бараат пред Управен суд, а, како што рече, најголеми губитници во овој случај се кандидатите.

 

Таа подвлече дека во прашање е сериозен јавен интерес, што ќе има долгорочни последици врз капацитетот на работењето на судовите и обвинителствата.

– Значи воопшто датумски не се совпаѓа целиот наш процес на тестирање со рокот што е определен во законот. Нашиот процес почна во јануари 2023 година и сѐ уште трае, подвлече Габер – Дамјановска, додавајќи дека не се знае точно, кога тој процес ќе заврши и оти не се работи за класично вработување.

Државниот советник со овластување да ја застапува Академијата  за судии и јавни обвинител, Сања Пандилов рече дека веруваат во институциите на системот, истакнувајќи оти во Академијата се почитуваат законите.

Ова беше втора седница на Антикорупциската комисија, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ