• Latest

(ВИДЕО) Нулта толеранција за нерегуларности: Сеопфатен изборен мониторинг на ЦИВИЛ 

April 22, 2024

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

(ВИДЕО) Нулта толеранција за нерегуларности: Сеопфатен изборен мониторинг на ЦИВИЛ 

Увид во напорите на ЦИВИЛ за следење на изборите во Северна Македонија (извештај од долгорочниот мониторинг)

April 22, 2024 23:01
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода спроведува сеопфатен долгорочен изборен мониторинг на Претседателските и Парламентарните избори. Посебно внимание во мониторингот се посветува на дезинформациите, говорот на омразата и странското малигно влијание, како и на политичкото финансирање, медиумите и почитувањето на законските стандарди во текот на изборниот процес. 

ЦИВИЛ ќе спроведе мониторинг на Претседателските избори на 24 април со 51 акредитиран набљудувач. Сите набљудувачи на ЦИВИЛ се мобилни, односно посетуваат поголем број избирачки места, но спроведуваат мониторинг на поширокиот регион во кој се распоредени. 

Денеска, организацијата беше домаќин на прес-конференција на која беа презентирани клучните наоди, како и детали за мониторинг операцијата. ЦИВИЛ објави и неколку препораки и апели врз основа на согледувањата од досегашниот мониторинг.

Обезбедување на изборниот молк: Мониторинг на ЦИВИЛ

Изборната кампања за претседателските избори завршува на 22 април, денеска, на полноќ, со што започнува изборниот молк кој завршува на 24 април, среда, во 19 часот, со затворање на сите избирачки места.

ЦИВИЛ ќе го следи спроведувањето на изборниот молк и навремено ќе ја известува јавноста за евентуалното кршење на Изборниот законик во контекст на обврската за молкот. 

Во секој случај, треба да се нагласи дека ќе биде тешко да се одвојат кампањите една од друга. Политичките ентитети кои решиле да ја заобиколат обврската за изборен молк, тоа ќе можат да го направат релативно лесно. 

Од искуство со мониторингот на поранешните изборни процеси, може да се каже дека изгледа како изборниот молк како да не постои. 

Сепак, не треба да се отфрли можноста дека јавноста оваа година ќе биде пријатно изненадена. 

Отворено и директно за говорот на омраза и дезинформациите во изборните кампањи

ЦИВИЛ констатира дека политичката кампања во изборен контекст е започната уште кон средината на 2023 година. Една од главните одлики на политичката кампања во изминатиот период се дезинформациите, говорот на омраза и антизападните наративи, кои дел од политичките ентитети во земјата ги користат како главно пропагандно орудие за постигнување предност пред политичките ривали. 

Мониторингот на ЦИВИЛ секојдневно бележи најмалку по сто случаи на говор на омраза на социјалните мрежи кои се насочени против кандидатите за претседател / претседателка, како и кон нивните симпатизери. 

Важно е да се истакне дека политичката сцена во земјата е целосно зафатена со националистичка пропаганда. Во тој контекст, се бележи голем број случаи на говор на омраза по етничка основа, а често и изрази и пораки кои спаѓаат во кривично дело – ширење етничка, верска и расна омраза. 

И во медиумите, како и во јавните настапи на политичките ентитети, се бележи тон на остра дискредитација против политичките противници, а неретко и националистички пораки и наративи. 

Националистичките наративи не секогаш се отворени и директни, туку се затскриени зад обвинувања кои навидум се политички и се упатени кон поединци или политички партии, но контекстот е националистички. Само еден од тие примери е заложбата за „македонска Македонија“. 

Трол фабрики во изборниот процес: Справување со притисокот врз новинарите, граѓанското општество и јавните личности

Од анализата на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ може да се заклучи дека постојат повеќе трол фабрики кои ревносно коментираат на социјалните мрежи во ист или сличен стил, во исто време од различни профили на социјалните мрежи. Се забележува дека интернет троловите не ги читаат текстовите, односно не ги гледаат видео пораките што се споделуваат на социјалните мрежи, туку автоматски коментираат користејќи неколку клучни зборови, како што се: предавници, платеници, слуги на Западот итн. 

Оваа ситуација може да се забележи и на профилите на ЦИВИЛ, каде што се архивираат во просек по 25 коментари дневно, а кои содржат говор на омраза, а често и отворени закани по животот на поединци од оваа организација. 

Без оглед на тоа што повеќепати се пријавени заканите во МВР, одделението за сајбер криминал, нема видлива реакција. 

Освен кон политичките ентитети, ЦИВИЛ регистрира говор на омраза и закани насочени и кон интелектуалци, новинари и активисти. Денеска бележиме директна закана по безбедноста и на една новинарка која напиша текст на тема од светот, неповрзана со нашата земја. 

Овој притисок кон новинарите, граѓанските организации и јавните интелектуалци мора да престане. ЦИВИЛ бара од одговорните институции да преземат законски чекори да го сопрат овој дискурс во јавната комуникација и има потенцијал сериозно да ги загрози демократските процеси, а воедно и да го загрози животот на луѓето во професиите што помагаат во развојот на демократските стандарди, особено во време на избори. 

Спротивставување на странското малигно влијание: Наоди на ЦИВИЛ за наративите на руската пропаганда

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ бележи и пропагандни наративи за кои може лесно да се утврди дека се пласираат од странски центри за малигно влијание, во прв ред, Москва, но и неколку прокси центри и канали за ширење на руската пропаганда во регионот. 

На домашен план, се бележи дека голем дел од македонските медиуми со леснотија и без трошка критичност ги пренесуваат овие наративи кои може да имаат сериозно влијание врз изборниот процес. 

Во ширењето, односно застапувањето на руските наративи се бележат неколку политички ентитети, некои прикриено, а некои сосема отворено, а во оваа кампања се вклучуваат и дел од граѓанските организации. Во последно време се бележи и тенденцијата да се негира било какво постоење на руска пропаганда во земјата, што е дел од кампањата. 

Методологија на набљудување: Категории на изборни нерегуларности

Набљудувачите на ЦИВИЛ ќе известуваат за потенцијални нерегуларности на денот на гласањето во 13 категории, меѓу кои се и категориите: 

  • Насилство, закани, притисоци, говор на омраза / Dhunë, kërcënime, presione, gjuhë e urrejtjes 
  • Корупција, купување гласови / Korrupsion, blerje e votave
  • Лажни вести и медиумски манипулации | Lajme të rrejshme dhe manipulimet në media
  • Злоупотреба на службената положба и јавните ресурси | Keqpërdorim i pozitës zyrtare dhe resurseve publike
  • Злоупотреба на полицијата / Keqpërdorimi policisë
  • Злоупотреба на деца и малолетници во политичка кампања | Keqpërdorim i fëmijëve dhe të miturve në fushatë politike

Моќта на гласачите: Иницијатива „Ти одлучуваш. Гласај!“

„Ти одлучуваш. Гласај!“ е називот на иницијативата на ЦИВИЛ за промоција на правото на глас и граѓанското учество во демократските процеси. Со неа, ЦИВИЛ јасно дава до знаење дека граѓанките и граѓаните имаат фундаментално и неотуѓиво право да гласаат слободно и по сопствена волја. Стотици илјади луѓе во земјата ги видоа пораките на интелектуалци, уметници и јавни личности. 

Воедно, ЦИВИЛ ја лансира веб страницата vote.civil.org.mk. На оваа веб страница се објавени сите неопходни информации што се потребни за навигација на граѓанките и граѓаните низ изборниот процес. Исто така, на веб страницата има и една, за нашето поднебје, нова алатка, наречена План за гласање, за да им помогне на гласачите да одвојат малку од своето време и да учествуваат во овој исклучително важен демократски процес. 

ЦИВИЛ е посветен на соработката со граѓанките и граѓаните во известувањето на јавноста

ЦИВИЛ им благодари на сите граѓанки и граѓани за огромната доверба и поддршката во овој период. Соработката и пораките се интензивни и редовни, изобилуваат со изрази на поддршка, но и со информации од теренот. Со оглед на малиот број набљудувачи кои се вклучени во мониторингот, оваа помош е повеќе од драгоцена. 

Со цел да се олесни комуникацијата и процесот на пријавување на потенцијални изборни нерегуларности, ЦИВИЛ денеска ќе го стави на располагање и онлајн формуларот на веб страницата slobodniizbori.info / zgjedhjetelira.info. 

Комуникација на ЦИВИЛ со јавноста на денот на изборите: Обезбедување транспарентност и јавен ангажман 

На денот на гласањето, 24 април, Прес центарот на ЦИВИЛ ќе почне со работа во 6:30 часот наутро и ќе биде отворен најмалку 18 часа. Ќе има четири прес конференции, но и повеќе вонредни јавувања во живо, а секако ќе бидеме отворени за медиумите во секое време во текот денот и неколку часа по затворањето на избирачките места. 

Ги повикуваме граѓанките и граѓаните да ги пријават сите случаи на заплашување, дезинформации и манипулации, односно било каков обид да бидат спречени да го исполнат своето основно човеково право – правото на глас. 

ЦИВИЛ го негува принципот на НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА за изборните нерегуларности. Изборите се за граѓанките и граѓаните, не за политичките партии или кандидатите. Сите заедно му служиме на јавниот интерес, а не на центрите на моќта. 

Ви посакуваме мирни, демократски, слободни и фер избори.

ЦИВИЛ Мониторинг тим

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ