• Latest
Димитар Ковачевски

Ковачевски повикува на масовност на гласање на 8 мај, поддршка за Пендаровски очекува од сите граѓани независно од припадноста

April 26, 2024
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски повикува на масовност на гласање на 8 мај, поддршка за Пендаровски очекува од сите граѓани независно од припадноста

April 26, 2024 15:47
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ
Димитар Ковачевски
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Димитар Ковачевски ги повика сите граѓани масовно да излезат на гласање на 8 мај за вториот круг Претседателски и за Парламентарните избори и негира дека СДСМ и ДУИ договараат бојкот на изборите.

–  Тоа е неточно. Ги повикувам сите гласачи масовно да излезат на изборите на 8 мај и да го поддржат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и коалицијата „За европска иднина“ на Парламентарните избори. Без исклучок да имаме масовен одѕив, да избереме и претседател и парламентарен состав и Македонија да продолжи на својот пат на европските интеграции, рече Ковачевски.

За слабите резултати од првиот круг Претседателски избори, на кои нивниот кандидат Стево Пендаровски доби околу 180 илјади гласови, изјави оти е „факт  дека граѓаните пратиле многу јасна порака која СДСМ јасно ја примил“. Очекува многу поголема поддршка во втор круг, во кој, рече, продолжуваат „со крената глава“.

– Ние ја примивме пораката во првиот круг на Претседателските избори за сите грешки коишто беа направени во текот на изминатите седум години. Седум години не е мал период на водење влада. Но, очекуваме со разговор со граѓаните во сите градови, во сите села во државата да ја добиеме поддршката во вториот круг за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски… Но, со крената глава продолжуваме во вториот круг, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по средбата со претставници на МАСИТ.

Знае од што се незадоволни граѓаните и дека главни теми што ги преокупираат се поголема борба со корупцијата, поголемо владеење на правото и поголем животен стандард. Но, клучен услов за сето тоа да се оствари, нагласи лидерот на СДСМ, е државата да стане членка на Европската Унија и затоа нивната програма е наслоена „За европска Македонија“. Притоа посочи дека се зaлага за спроведување ветинг, т.е. проверка на имотот на сите судии, обвинители и политичари.

На прашањето од кого ќе добијат поддршка во втор круг и дали очекува прелевање гласови од други партии и од граѓани Албанци, одговори дека поддршка ја очекуваат од сите граѓани, без разлика на припадноста.

-Никој не ги има гласачите под своја контрола, да ги чува некаде и да ги наведува како да гласаат. Ние имаме кандидат кој е граѓански. Пендаровски е кандидиран со над 22 илјади потписи од граѓаните и е поддржан од коалицијата „За европска иднина“, вклучително и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. И тој јасно кажа на неговата прес-конференција дека ќе ја бара поддршката од граѓаните, а не од кандидатите кои не се пласирале во вториот круг, рече Ковачевски.

Потврди дека како лидер на СДСМ има разговори со политичките партии, како што рече, „на различни нивоа“.

– Вклучително и јас имам разговори со политичките партии на различни нивоа и ги повикувам сите да имаме масовна излезност на изборите на 8 мај и да избереме претседател на државата со којшто ќе имаме сигурна, европска иднина на државата, и да избереме парламент кој ќе носи храбри одлуки за државата за на граѓаните да им го дадеме она што го очекуваат и заслужуваат, нагласи Ковачевски.

Не е точно, рече, дека Пендаровски добил помалку гласови отколку што има членство СДСМ, затоа што, рече, партијата што ја предводи има 74 илјади регистрирани членови.

На прашањето дали ќе понесе одговорност и оставка поради слабите резултати, Ковачевски одговори дека до одговорност и за причините се доаѓа врз основа на анализи на ниво на општински организации во партијата, и на ниво на Централниот и Извршниот одбор.

-Потоа телата на партијата ги носат одлуките како партијата ќе продолжи понатаму. Така било од формирањето на партијата, така ќе биде и по овие избори и после секои други избори, рече Ковачевски и додаде дека „стандардна процедура е во СДСМ“ е и во статутот е регулирано одржувањето конгрес  со анализа на резултатите и потоа избори на кои се бара изјаснување за претседател на партијата и на партиските  органи.

 

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ