• Latest

Гарет: Потребна е промена во однесувањето на институции и поединци!

January 24, 2017

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Гарет: Потребна е промена во однесувањето на институции и поединци!

January 24, 2017 10:54
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Основна задача за новата влада е да го промени она што Европската комисија го нарече ‘заробување на државните институции’. Тоа е огромна задача, не е само за носење на закон овде-онде, туку за промена на однесувањето на институции и поединци. Така што ќе треба време и координиран напор. Добрата вест за Македонија е што тоа со одредена јасност и детали е поставено во Извештајот за напредокот на ЕК, како и во итните реформски приоритети во Извештајот на Прибе, и во Договорот од Пржино“,  изјави британскиот амбасадор Чарлс Гарет.„Во нив, во детали се опишува што треба да се направи во конкретни сектори како судството, јавната администрација, медиумите, борбата против корупција… Во нив е наведена и целосна одговорност за прашањата споменати во прислушуваните разговори, за нивно целосно истражување. Тоа, само по себе, е голема задача. Ние, како членови на меѓународната заедница, сме подготвени да ѝпомогнеме на Македонија во таа задача. Ќе одземе време, ќе треба решителност, но може да се направи. Она што би рекол е дека самите реформи се многу јасни, јасно е зошто тие се потребни и што треба да се направи. И бенефитот за граѓаните е многу јасен. Тогаш, зошто новата влада не би сакала да ги исполни тие реформи? Иако е тешка задач,а ние сме подготвени да помогнеме на кој било начин, колку што можеме“, изјави Чарлс Гарет, во  интервју за емисијата „360 степени“ на телевизијата Алсат-М.

„Нормално е во време на политичка криза, луѓето краткорочно да размислуваат, но исто така, во политичка криза е важно стратешки да се размислува, долгорочно да се гледа, за тоа каде некој сака да стигне за 5 или за 10 години. Така што, мојот блог беше само начин за стимулирање на таа дебата, и секако не е базиран на научно анализа и предвидување за тоа каде Македонија ќе биде за 10 години. За прашањето за името, тоа е феноменално тежок спор за решавање што трае четврт век. Оттука, можеби три години звучи оптимистички, но можете да кажете и дека е нешто што апсолутно мора да го решат Скопје и Атина, за Македонија како земја да напредува со некаква цел. За тоа дека ‘сé уште преговара со ЕУ 2027’, можеби е песимистички, но како што реков, тоа не е научно предвидување“, рече Гарет, како одговор на прашањето за ставот изнесен во неговиот видео – блог, каде предвидуваше што ќе се случи со Македонија во наредните десет години.

Tags: владаГаретзаробена државаМакедонијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ