• Latest
Володимир Зеленски, Харкив, Украина, 24 мај 2024 година

(ВИДЕО) Потресно обраќање на Зеленски до лидерите во светот: Поддржете го Самитот за мир со вашето лично лидерство и учество

May 26, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

(ВИДЕО) Потресно обраќање на Зеленски до лидерите во светот: Поддржете го Самитот за мир со вашето лично лидерство и учество

May 26, 2024 10:18
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Володимир Зеленски, Харкив, Украина, 24 мај 2024 година

Володимир Зеленски, Харкив, Украина, 24 мај 2024 година

Share on FacebookShare on Twitter

Ова обраќање до светската јавности и до лидерите во светот е снимено за време на работната посета на претседателот Зеленски во Харкив, Украина, пред само два дена, на 24 мај 2024 година, објави ЦИВИЛ МЕДИА.

На видеото, претседателот Зеленски стои среде разурнатата печатница „Фактор-Друк“ каде што се наоѓа печатарската продукција на украинската издавачка куќа „Виват“. Се работи за најголемиот печатарски објект во Украина. Една третина од сите книги печатени во Украина се печатени таму. Заедно со објектот изгореле околу 50.000 книги. Тие вклучуваат многу книги отпечатени за најголемиот фестивал на книгата во Украина што треба да се одржи во наредните денови.

Објектот беше уништен како последица од рускиот воздушен напад врз Харкив на 23 мај. Русија лансираше 15 проектили врз градот и неговата околина. Загинаа седум луѓе, а 21 лице беше рането.

Го пренесуваме обраќањето на претседателот на Украина во целост.

За нив е задоволство да палат.

Сите знаеме со кого си имаме работа. Русија ја водат луѓе кои сакаат да го претворат во норма – палењето животи, уништувањето градови и села, поделби на луѓето и бришење на националните граници преку војна.

Не постои нација која може сама да ја запре таквата војна, без помош – потребен е ангажман на светските лидери.

Сега сум во Харкив – град на истокот на Украина и, за жал, многу блиску до границата со Русија. Што значи тоа за Харкив? Трета година на постојан терор. Повеќе од милион луѓе во овој град. И секоја вечер и секој ден руската армија го гранатира градот. Најчесто со ракетите С-300. Станува збор за ракети за противвоздушна одбрана што Русија ги користи за да ја тероризира земјата. Нема ниту една област или улица во Харкив што не претрпела последици од оваа редовна суровост. Русија додаде напади со наведувани бомби. Руската авијација се приближува до нашата државна граница и ги лансира овие бомби директно на градот – тоа е оружје за неселективно уништување. И секој, во кој било град во светот – од Сао Паоло до Харбин, го разбира ова на ист начин – како терор. Исто како и сите други руски удари врз стотици други наши градови и села. Некои од нив, кои некогаш цветаа од живот, сега се пеплосани, без луѓе. Изгорената празнина е најстрашната последица на војната… Војна која не ја сакавме во Украина, која не сме ја испровоцирале и во која Украина се брани од руските обиди да ги заземе нашите ресурси и територии и да го уништи нашиот национален идентитет. И светот го гледа тоа.

Зад мене се книгите изгорени од руски ракети. Беше една од најголемите издавачки куќи во Украина. Овде имаше повредени луѓе. За жал, има и загинати. Температурата на огнот овде не успеа целосно да достигне 451 степен Фаренхајт. Но, тоа е она што им треба и го сакаат лидерите на Русија – уште повисоки температури. И не само на суверената територија на Украина. Русија им се заканува на речиси сите соседни земји. Русија е единствената држава што ја зазеде нуклеарната централа и отворено ја користи за радијациона уцена. Нема ништо што не би станало оружје за Русија, вклучително и гладот, а токму тоа го почувствува светот кога Украина беше погодена од руската поморска блокада. Русија е единствениот извор на агресија и постојано се обидува да ја прошири војната. Токму сега, деновиве, се браниме на 60 километри североисточно од ова место од уште еден обид за руски напад. Русија се подготвува за офанзивни дејства, исто така, на 90 километри северозападно од тука – тие собираат друга група трупи во близина на нашата граница… Оној што го прави сето ова не сака мир.

Изгорената празнина е најстрашната последица на војната… Војна која не ја сакавме во Украина, која не сме ја испровоцирале и во која Украина се брани од руските обиди да ги заземе нашите ресурси и територии и да го уништи нашиот национален идентитет. И светот го гледа тоа.

Володимир Зеленски

Дали Русија сака дијалог? Украина го има најголемото искуство во светот со лагите на Русија за време на преговорите… Лагите што беа руско прикривање особено во подготовките за оваа војна. И токму затоа се потребни глобални напори – Глобален самит за мир на лидерите кои Русија не ќе може да ги измами. Самит кој ќе покаже кој во светот навистина сака да ја заврши војната, а не само да бара прекин на огнот кој неизбежно ќе биде прекршуван од руски ракети и артилерија, исто како што беше десетици, десетици пати порано…

Заедно со Швајцарија подготвуваме ваков Самит. Започнува на петнаесетти јуни.

Повеќе од осумдесет земји потврдија дека ќе дојдат. И ние продолжуваме да работиме со лидерите, поканувајќи ги да се приклучат на Самитот. Им благодарам на сите кои навистина помагаат да се донесе мирот. Апелирам до светските лидери кои сè уште се настрана од глобалните напори на Глобалниот самит за мир – до претседателот Бајден, лидерот на Соединетите држави и до претседателот Кси, лидерот на Кина. Не сакаме Повелбата на ОН да биде запалена… изгорена исто како овие книги. И се надевам дека не сакате ниту вие. Ве молиме, покажете го вашето лидерство во унапредување на мирот – вистински мир, а не само пауза меѓу нападите. Напорите на глобалното мнозинство се најдобрата гаранција дека сите обврски ќе бидат исполнети. Ве молиме, поддржете го Самитот за мир со вашето лично лидерство и учество.

За сите нас, треба да биде задоволство да изградиме мир.

Харкив е вториот по големина град во Украина, кој се наоѓа на северо-источниот дел на земјата, на околу 30 километри од границата со Русија. Околу 1,5 милиони луѓе живееле таму пред целосната инвазија на Русија против Украина во 2022 година. Од првиот ден на војната со масовни размери, која трае повеќе од две години, градот е под постојани руски напади со ракети и беспилотни летала. Во последно време, Русија почна да го бомбардира Харкив со масивни наведувани бомби од советската ера тешки од 500 до 1.500 килограми. Русија ја користи предноста што Украина нема доволно модерни системи за противвоздушна одбрана со тоа што секојдневно напаѓа цивилни цели во градот. Целта на Русија е да го направи градот непогоден за живеење и да ги истисне луѓето од него.

Украина го има најголемото искуство во светот со лагите на Русија за време на преговорите… Лагите што беа руско прикривање особено во подготовките за оваа војна. И токму затоа се потребни глобални напори – Глобален самит за мир на лидерите кои Русија не ќе може да ги измами. Самит кој ќе покаже кој во светот навистина сака да ја заврши војната, а не само да бара прекин на огнот кој неизбежно ќе биде прекршуван од руски ракети и артилерија, исто како што беше десетици, десетици пати порано…

Володимир Зеленски

Откако беше снимено видеото, уште еден брутален руски удар го погоди Харкив. Во саботата, на 25-ти мај, Русија повторно го погоди градот, овој пат удирајќи во големиот трговски центар „Епицентар“, среде станбена зона. Пожар ја зафати огромната зграда од 15.000 метри квадратни. Заклучно со 23 часот во саботата, пријавени се шест загинати, а уште најмалку 40 повредени. Шеснаесет лица сѐ уште се водат како исчезнати, така што бројот на жртви може да расте.

Имаше и други напади врз градот во саботата, особено со употреба на балистички ракети во центарот на градот, при што беа повредени уште најмалку 11 лица, вклучително и едно 13-годишно момче.

Во еден ден, на 25 мај, 60 лица беа повредени во руските напади врз Харкив. На местата на нападите работат 200 спасувачи на Државната служба за итни случаи, и околу 400 полицајци. Сите служби работат на спасување и помош на настраданите.

Превод и подготовка: ЦИВИЛ МЕДИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result