• Latest

ВМРО-ДПМНЕ и спокојот со кој тие владеат со медиумскиот простор е вистинска збирка на бајки

May 27, 2024

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ЦИТАТИ

ВМРО-ДПМНЕ и спокојот со кој тие владеат со медиумскиот простор е вистинска збирка на бајки

May 27, 2024 14:12
in ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЦИТАТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Едно од прашањата што деновиве се поставуваат без стопроцентна децидност во одговорот, е дали најсилната парламентарна опозициона група во парламентот по последните избори може да предложи свој човек за раководител во МРТВ и АВМУ, како и во ДИК, но и други институции?

За ова прочитав деновиве и малку ми стана појасно од каде „дува ветерот“ во однос на тоа што ДУИ го споменуваат СДСМ во контекст на нивната полемика за тоа кој би бил старо-нов коалиционен партнер на Владата, пишува во аналзизата за ЦИВИЛ, Љубомир Костовски.

Факт е дека Мицковски не би сакал да има свој партнер од коалицијата која е на чело на власта во периодот после 2016 година, значи ни социјалдемократите ни унионистите. Во тоа е јасен!

Но, од тоа кој ќе биде втора по бројност и воедно најсилна опозициска група во Парламентот зависи кој во кадровска смисла ќе ги има позициите во споменатите (и многу други) институции кои би имале свое влијание во политичкиот живот на земјава.

Ако се гледа практиката и законските одредби, барем за двете институции поврзани со медиумите, таквата констатација е извртена и практично без основ. Во Парламентот со двотретинско мнозинство се бираат членовите на советите во двете институции (АВМУ и МРТВ), потоа тие самите меѓу себе бираат кој ќе биде претседател. Нешто слично се случуваше со изборот на Антикорупциска, ако можеме да правиме споредби. Таа постапка ќе се спроведеше веќе два пати во претходниот парламентарен состав во однос на АВМУ и МРТВ, бидејќи, имаше јавен конкурс на кој се јавија личности кои имаа врска со она што треба да се работи во двете јавни институции; навистина, по конкурсот за Советот на МРТВ имаше несразмерно помалку кандидати, но сеедно, тие не се реализираа!, вели Костовски во анализата „АВМУ: Лагоден теферич за набљудувње на состојбите во радиодифузниот простор“

Според него, ВМРО-ДПМНЕ во двата случаи одбра да си го задржи комодитетот со постојните прислужнички „посади“, иако должината на мандатот на постојните советници таму е дел од една долга историја. Спокојот со кој тие владеат со медиумскиот простор е вистинска збирка на бајки (ќе речев на браќата Грим, ама таму има барем малку драматика).

Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ