• Latest
Фото: МИА

Едномесечен притвор за косовски Србин осомничен за напад врз припадници на КФОР во мај 2023-та

June 21, 2024
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Едномесечен притвор за косовски Србин осомничен за напад врз припадници на КФОР во мај 2023-та

June 21, 2024 18:05
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Косовски суд му одреди едномесечен притвор на косовски Србин осомничен дека сторил четири кривични дела, меѓу кои и напад врз припадници на Мировната мисија на НАТО во Косово – КФОР на протестите во Звечан во северно Косово во мај 2023 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Основниот суд во Приштина, обвинетиот со иницијали Л.Д. е осомничен за кривичните дела „здружување за противуставна дејност“, „загрозуваање на лица под меѓународна заштита“, „учество во толпа што врши кривично дело и хулиганство“ и „напад врз службено лице“.

Судот проценува дека, доколку биде на слобода, постои опасност од бегство на обвинетиот, со оглед на тоа дека работи во Србија и може да биде недостапен за органите на правдата во Косово.

– Постои основано сомнение дека на 29.05.2023 година во временскиот интервал од 06:00 часот до вечерните часови, во периметарот во кој се наоѓа објектот на општина Звечани, пријавениот Л.Д активно учествал во групата или толпата лица, која имала за цел да изврши тешки кривични дела, на тој начин што преку употреба на насилство се обидела да го спречи воспоставувањето на уставниот поредок на Република Косово во северните општини на земјата, се вели во соопштението.

Според судот, и покрај наредбите на војниците од мировната мисија на КФОР за мирно растурање на толпата и одбивањето да влезат во објектот на општината, групата во која учествувал Л.Д. „почнала да врши неконтролирано насилство, користејќи цврсти алатки, импровизирани експлозивни направи и огнено оружје, од кои се повредени најмалку 30 припадници на мировните сили на КФОР, од кои тројца од проектилите од огнено оружје“.

– Предизвикана е и значителна материјална штета на возилата на КФОР, полицијата на Косово и на автомобили на новинари кои известуваа за настаните од тој ден, кои вклучуваат целосно палење на неколку возила или физичка штета во голема мера, предизвикувајќи висок степен на опасност по животите и телата на многу луѓе и имот, се вели во образложението на Судот за определување на мерката притвор.

Според српските медиуми, станува збор за маж, роден 1979, кој завчера бил запрен на пунктот Бистрица, првенствено со цел да се провери поради евентуален шверц на стока.

По проверка на лицето и документите, полицијата објави дека утврдила дека се работи за лице кое се бара во врска со настаните од мај минатата година пред општинската зграда во Звечан, кога дојде до конфликт меѓу група Срби и припадници на КФОР.

За апсењето на Л.Д. се огласи и Канцеларијата за Косово при Владата на Србија, која тврди дека станува збор за цариник кој, велат, една година слободно се движи и дека „неговото апсење во овој момент е исклучиво политичко дејствие на Приштина со цел да предизвика нови тензии“.

Tags: КосовоКФОР
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ