• Latest

Нимиц: Употребата на уставното име во писмена, но не и во усна форма ќе предизвика континуирани проблеми и конфузија

June 23, 2024

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Нимиц: Употребата на уставното име во писмена, но не и во усна форма ќе предизвика континуирани проблеми и конфузија

June 23, 2024 15:10
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Новата власт во Северна Македонија се доведе во тешка позиција и треба да излезе од неа. Употребата на уставното име во писмена форма, но не и во усна, ќе предизвика континуирани проблеми и конфузија. Што ќе се случи ако треба да напишат една изјава употребувајќи „Северна Македонија“ и во продолжение да треба да ја прочитаат на глас? Ова политика не е одржлива долгорочно и нема да им дозволи да ја играат соодветната улога во светската заедница, вели медијаторот Метју Нимиц за „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервјуто што е под наслов „Сите да размислат што добија од Преспа“, специјалниот претставник на ОН во разговорите за името Метју Нимиц говори за придобивките од Договорот, но и за ставовите на новата Влада кај нас.

Објаснува дека понекогаш кога некој е во тешка ситуација, „најдобриот пристап е да се препознае тешкотијата и да се одлучи да се надмине“, нешто што според него не е невообичаено кога станува збор за нови влади, бидејќи, како што вели, често политиката се објавува без длабински да се земат предвид сите импликации.

-Ако некој следи погрешен пат, најдоброто решение, кога ќе го сфати тоа е да се коригира. Самоуверена и психолошки силна личност ќе го направи тоа брзо. Може да постои некое оспорување за околу една седмица, но работите набргу ќе се движат поконструктивно. Другите лидери и јавноста ќе ја препознаат корекцијата и ќе го почитуваат лидерот кој во од се прилагодува. Врз основа на оваа филозофија за справување со реалноста, раководството на Северна Македонија, според мене, треба да признае дека „Република Северна Македонија“ е името на државата, дека тоа е убаво и чесно признаено во целиот свет, во ОН, НАТО и ЕУ и е име за кое треба да се горди, објаснува Нимиц.

Вели дека новата власт „треба да посвети малку време да размисли мирно, без да дава многу изјави, која ќе треба да биде нејзината политика“ во однос на Грција, на другите соседи, на ЕУ, а особено во внатрешноста на земјата, посочувајќи дека „извојуваа импресивна политичка победа, но таа поддршка лесно може да се изгуби“.

-Националните лидери ќе треба да препознаат дека времињата се опасни, особено за малите земји што се во нестабилен регион. Позитивните односи со соседите треба да бидат врвен приоритет. Веќе немам никаква формална или неформална улога. Целосно се повлеков од јавниот живот. Но, ако треба да дадам препораки до Скопје, би ги повикал 80 отсто од својата енергија да ја фокусираат на спроведување внатрешни реформи во области како што се борбата против корупцијата, силно јавно управување, владеењето на правото, образованието, економскиот развој и конструктивни меѓународни односи. Исто така, да се опстои во напорите за влез во ЕУ и покрај разочарувањата, вели Нимиц.

За останатите 20 отсто од енергијата и кон што треба да ги насочи новата Влада, медијаторот коментира дека треба да работат конструктивно и приоритет прво да биде решавање на отворените прашања со Бугарија, „но и на нормализирање на ненадејното нарушување на односите со Грција“ и секако да останат посветени на останатите регионални и пошироки надворешнополитички приоритети.

Во интервјуто за „Катимерини“, медијаторот коментира дека неговиот впечаток е дека ниту едно од раководствата во двете земји не е целосно ентузијастично и дека и двете се фокусираат на она што веруваат дека го отстапиле, а не на она што го добиле од решението на спорот.

Истакнува дека „Договорот од Преспа претставува последен чин на низа настани што ја обликуваа модерната форма на регионот на Македонија“, како што вели, почнувајќи од повлекувањето на Отоманците, Балканските војни од 1912 и 1913 година, Првата светска војна, создавањето на Југославија и распаѓањето, Втората светска војна, Граѓанската војна во Грција, поделбите од Студената војна, насилниот распад на Југославија и создавањето на нова држава во регионот, која мораше да се прилагоди на соседството.

– Ова прилагодување е сè уште во тек, бидејќи Република Северна Македонија треба да создаде добри односи со сите нејзини соседи, од кои повеќето се воспоставени држави со децении, со долгогодишни политики во однос на нивната безбедност и историја, вели медијаторот.

Дополнително истакнува дека Договорот од Преспа покажа дека разликите можат да се решат преку компромиси што ги „гарантираат виталните интереси на двете страни“.

Во однос на тоа колку беше и е важно прашањето за името објаснува дека „за оние кои не се директно инволвирани, таканаречениот спор за „името“ изгледа неважен, особено ако се земат предвид големите конфликти што се случуваат во светот“.

– Но, спорот е од особена важност и сам по себе и од аспект на регионалната стабилност и европската интеграција. Преспа претставува модел за регионот бидејќи покажува дека два народи можат сами да решат тежок билатерален спор. Историски гледано, важните настани во централна и југоисточна Европа честопати беа решавани од надворешни сили. Во регионот беа навикнати, за барање решенија, да се обраќаат до Истанбул, Виена, Берлин, Москва, Вашингтон или Дејтон. Во иднина би било подобро лидерите од регионот да имаат храброст и самодоверба веднаш да ги решат своите проблеми. Ова би претставувало знак на зрелост, истакнува Нимиц.

На Меѓународната конференција за мир и одржлив развој што во понеделникот и вторникот се одржа во Атина во организација на „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Заев“, специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации во разговорите за името беше награден со „Преспа наградата за мир“, за неговиот придонес во решението меѓу двете земји.

Tags: Метју Нимицпреспански договор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ