• Latest
Џабир Дерала, ЦИВИЛ Прес центар, 3 мај 2023 (фото: ЦИВИЛ)

Нека ни е со среќа: Можеби бројот 13 за некои е баксузен, но за Мицкоски сигурно е среќен број

June 24, 2024
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Нека ни е со среќа: Можеби бројот 13 за некои е баксузен, но за Мицкоски сигурно е среќен број

Мицкоски - тринаесеттиот премиер на „нашата земја“ - пред „срамната“ придавка капитулира, но „бугарски диктат“ не прифаќа

June 24, 2024 09:16
in ES-PRESS-O, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала, ЦИВИЛ Прес центар, 3 мај 2023 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала, ЦИВИЛ Прес центар, 3 мај 2023 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Владата на Мицкоски, тринаесеттиот премиер на „нашата земја“, уште не беше изгласана, а веќе доби благослов од новинарски и други „величини“ што поитаа да му се поклонат до земја. Можеби бројот 13 за некои е баксузен, но за Мицкоски сигурно е среќен број. Со толку и такви благослови, премиерот број 13 нема зошто да се грижи за својата иднина. За иднината на „нашата земја“ ќе се грижи, веројатно, некоја друга влада.

За програмата на владата, потпишана од проф. д-р Мицкоски беа кажани десетици илјади зборови во дводневната расправа во парламентот. Самата расправа покажа како ќе изгледа и парламентарниот „живот“ во претстојниот мандат. И кој сѐ од опозицијата ќе (се обиде да) добие столче, макар и триножно, блиску до големата трпезариска маса на власта.

Напишаното во владината програма, начинот на кој тоа е напишано, а уште повеќе тоа што не е напишано, веќе сега им кажува на искусните познавачи на ВМРО-ДПМНЕ што сѐ ќе се случува со економијата, социјалната правда, владеењето на правото, меѓуетничките односи и евроатлантските интеграции… човековите права и слободи… Не грижете се, ништо добро нема да се случува.

Огромната моќ што сега ја имаат Мицкоски и неговата партија не остава простор за оправданија за сѐ што претстои. Но дали е така? ВМРО има „несоборливи аргументи“ да ги оправдаат неуспесите што претстојат. Тие се безброј пати повторени. СДСМ и ДУИ оставија пустош, ја ограбија државата, ја уништија иднината. Затоа, мора сѐ да почне одново. Не можеме да продолжиме со ЕУ интеграциите со вакви институции. Европа ќе почека. Се разбира, и во составот на владата има една боксерска вреќа: Албанците од коалицијата ВЛЕН. Така што, нема потреба од загриженост. Сѐ е подготвено „нашата земја“ да јурне со полна пареа – назад, кон минатото.

Не мора многу да се објаснува, доволно е да се прочита владината програма на 63 страници и да се слушнат две поенти од свечената изјава на премиерот број 13. Тој призна дека „капитулира“ пред „срамната“ придавка на уставното име на државата што ќе ја води. Придавката за него е срам што му го предизвикал СДСМ – нему и на сите негови родени и неродени поколенија. Но рече и дека – додека е премиер – нема да дозволи менување на Уставот под „бугарски диктат“. Што, инаку, е работа на парламентот, но кому му е грижа за такви ситници!? И онака со „нашата земја“ отсега ќе се управува од Белата палата. Целосно. Ако не ми верувате мене, послушајте го премиерот (линк до видео), кога вели „дајте му време на времето“ (или: Il faut donner du temps au temps). Дали ја цитираше француската изрека или го нашол тоа кај Паоло Коељо, (сега) не е важно.

Пред седум години, кога Зоран Заев ја доби првата влада по 11-годишното владеење на партијата што сега има апсолутна власт во државата, го напишав првиот текст во рубриката (подоцна и книга) Рафал со наслов „Честито влада, реконструкција кога?“.

„СДСМ изненади со отсуството на креативност во делот од владата во која контролата не ја наметна ДУИ. Се чини како да ја презеде структурата на претходната, гломазна и неефикасна влада-лавиринт. Ваква каква што е, оваа влада е зрела за реконструкција веќе утре“, напишав за првиот владин состав под водството на Зоран Заев.

Дали такво нешто ќе напишам и за почетокот на владиниот состав на премиерот број 13? Не. Нема што да се реконструира во оваа влада на Мицкоски. Сѐ е добро. Можам само да цитирам еден слоган на кој ме потсеќа оној што отсега ќе се грижи за односите меѓу заедниците: С вером у Бога, за Краља и Отаџбину! Само тако наставите.

Или: Напред, кон минатото!


Текстот е личен став на Авторот | ЦИВИЛ МЕДИА

За претходните дози еспресо, КЛИКНЕТЕ ТУКА.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ