• Latest

Зад фразите „никој не е недопирлив“ и „внесување ред во НВО“, се кријат хајка и линч на неистомислениците!

January 31, 2017

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Зад фразите „никој не е недопирлив“ и „внесување ред во НВО“, се кријат хајка и линч на неистомислениците!

January 31, 2017 11:21
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Граѓанското општество и функционирањето на невладиниот сектор е од клучно значење за развојот и за функционирањето на една демократија. Невладините организации во едно општество и тоа како, може да бидат коректив на институциите и да наметнуваат теми кои се од значење за граѓаните. Сепак, општественото значење што го имаат невладините организации, не може да биде параван за деструкција и за насилно менување на демократски избрана власт. За жал, кај нас, токму тоа се случи. Мрежата на НВО финансирани од Сорос безмалку се претвори во монопол, со својата финансиска доминација, истиснувајќи ги од сцената невладините организации кои имаат ставови поинакви од нивните. Ваквото деструктивно дејствување, наместо коректив на институциите, ги претвори во деструктивен елемент во општеството. Но, светот се менува, а нашето општество созрева“, изјави во интервјуто за „Дневник“, поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска

На прашањето на главниот и одговорен уредник на „Дневник“, дали сите се еднакви пред законот, а во кое се тврди и дека „претседателката на македонскиот разгранок на ‘Сорос’ самата кажала дека „25 години немало никаква контрола врз невалидините организации“, Јанкуловска, меѓу другото, одговара и дека: „Никој не е недопирлив, па ни невладините организации финансирани од Сорос… Потребно е да има еднакви правила и ред и во функционирањето на невладиниот сектор, а институциите мора да бидат оставени непречено да постапуваат и да си ја работат сопствената работа“.

„Стоп Операција Сорос“

 

Извршната директорка на Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија, Фани Каранфилова-Пановска,  само два дена порано, за Гласот на Америка на македонски јазик, на прашањето за процесот на десороизација и нападите врз Фондацијата од премиерот, министрите и провладините медиуми, како и за инспекцискиот надзор во НВО кои добивале финансиска помош од ФИИОМ, меѓу другото, одговори:

„Јасна е повеќегодишната тенденција на Груевски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ да креираат имагинарни непријатели и да се закануваат со ‘чистки’ на своите неистомисленици. Прогласот од 17-ти декември, со кој Груевски, меѓу другите закани, најави и ‘десороизација’, оркестрираниот упад на Управата за јавни приходи во над 20 граѓански организации во текот на декември 2016, мега интервјуто кое дојде на првиот работен ден во Новата 2017 година, барањето на Управата за финансиско разузнавање за проверка на 22 невладини организации и 42 физички лица и формирањето на клеветничкото и платеничкото движење „Стоп операција Сорос“, упатуваат на тоа дека хајката против правдољубивото и слободољубиво граѓанско општество и против Фондацијата ‘Отворено општество – Македонија’, добива на интензитет, a линчот кон неистомислениците кулминира“.

Според Каранфилова – Пановска, „темелните принципи на отвореното општество по дефиниција не се во судир со десницата, ниту пак се во ‘љубов’ со левицата, како што сака да прикаже Груевски, обидувајќи се со разни манипулации овој сериозен граѓански активизам да го обезвредни и да го прикачи на некоја од партиите, така како што тој мисли дека може да се прави. Токму неговата опседнатост со фондацијата на Џорџ Сорос во Македонија ги потврдува принципите и вредностите на отвореното општество, кои се загрозени и се во конфликт секогаш и секаде, кога на власт се лидери и партии кои демонстрираат упад во системот на поделба на власта, корумпирано и криминално владеење, селективна правда, национализам, дискриминација, хомофобија, авторитарност и репресија“.

Tags: ВМРО-ДПМНЕЈанкуловскаКаранфилова-ПановскалинчмонополСтоп операција Соросфинансиска доминацијаФИООМхајка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ