• Latest

Маринакис: Не е планирана средба Мицотакис – Мицкоски, но не е исклучено грчкиот премиер да има билатерални средби на НАТО Самитот

July 8, 2024
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маринакис: Не е планирана средба Мицотакис – Мицкоски, но не е исклучено грчкиот премиер да има билатерални средби на НАТО Самитот

July 8, 2024 15:56
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не е планирана средба, но не е исклучено премиерот на маргините на НАТО самитот, да има билатерални средби, рече портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина за евентуална средба на премиерите Христијан Мицкоски и Кирјакос Мицотакис на маргините на НАТО Самитот во Вашингтон.

– Не, не е планирана средба, но не е исклучено во рамките на активностите и на маргините на Самитот на НАТО, премиерот да има и некои билатерални средби. Но, нешто планирано, не постои, одговори Маринакис на прашањето на МИА за евентуалната средба Мицотакис – Мицкоски, а речиси идентичен беше одговорот и за можна средба на грчкиот премиер со турскиот претседател.

Според официјалните програми на двајцата премиери и Мицкоски и Мицотакис, освен на Самитот на НАТО и предвидените активности на маргините, ќе присуствуваат и на вечерата во Белата куќа во организација на американски претседател Бајден.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на нашата земја, одговарајќи на новинарско прашање, Маринакис рече дека грчкиот премиер на НАТО Самитот „ќе го покрене на највисоко ниво“ почитувањето на Договорот од Преспа, нешто што и самиот Мицотакис го најавуваше во неговите интервјуа и изјави во изминатиот период.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на нова влада, Христијан Мицкоски денеска истакна дека како човек, кој ќе ја предводи владата е обврзан да ги почитува Уставот и законите, оти

Маринакис посочи дека „договорите што се изгласани и ратификувани треба да се спроведуваат, но не гледаме ова да го прави другата страна“, додаде дека од македонска страна постоеле „низа сериозни изјави што се спротивни на меѓународно договореното и изгласаното од двете држави“ и токму ова е она што, како што рече,  грчкиот премиер ќе го покрене „за време на неговото присуство на НАТО Самитот“.

– Ќе го покрене прашањето на највисоко ниво. Ќе го спомене Договорот што не се почитува, особено прашањето со сложеното име ерга омнес. Ќе спомене низа изјави што се спротивни на Договорот од Преспа, односно спротивно на она што е изгласано од двете држави, бидејќи како што сфаќате присуството на Северна Македонија на НАТО е резултат на овој Договор, но нашата соседна земја, не ја почитува ниту првата страница на овој Договор и е нешто за што се подразбира дека Кирјакос Мицотакис ќе го покрене, рече Маринакис.

Мицкоски, пак пред заминувањето за Вашингтон изјави дека доколку има средба со грчкиот премиер на претстојниот Самит на НАТО во Вашингтон, се надева дека ќе го задржат достоинството и дека ќе разговараат како партнери и како добри соседи.

-Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и како добри соседи, доколку дојде до таков разговор. Ако не дојде се надевам дека набргу ќе дојде, истакна Мицкоски.

Овој ден, истакнува Мицкоски, е симболот на македонската борба за слобода и државност, ден кој врзува две епопеи и еден идеал, а тоа е идеалот за слободна и независна Македонија. Генерации на

Тој нагласи дека ставот на Владата е градење добри односи со сите соседи, но оти дека односи се двонасочна улица.

-Нашиот став како Влада е дека сакаме да имаме добри односи со соседите, дека сакаме да градиме мостови за соработка, дека тоа за нас е двонасочна улица. Досега претпоставувам биле навикнати на еднонасочна улица, но сега сме ние политичари и Влада која што сака да водиме добрососедска двонасочна улица и така ќе продолжиме да се однесуваме, изјави премиерот минатата недела.

САД, пак, нагласија дека не сакаат внесување билатерални спорови во НАТО. Директор за Европа и НАТО во Пентагон Олтон Бјуланд неодамна во интервју за Гласот на Америка на македонски истакна дека САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа и се надеваат дека билатералните спорови ќе останат надвор од НАТО Алијансата.

- Секогаш ги охрабруваме нашите сојузници и партнери да се придржуваат до договорите и да ги остават билатералните спорови и несогласувања надвор од НАТО Алијансата, за да се осигура дека има

-Секогаш ги охрабруваме нашите сојузници и партнери да се придржуваат до договорите и да ги остават билатералните спорови  несогласувања надвор од НАТО Алијансата, за да се осигура дека има соработка и регионална стабилност во вашиот регион, рече Бјуланд.

Мицкоски, кој ја предводи македонската делегација е веќе во Вашингтон и оствари средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора, а според агендата планирано е да одржи говор на реномираниот Johns Hopkins University- School of Advanced International Studies, да оствари средби со претставници од бизнис заедницата во САД, со високи претставници на IRI, конгресмени и сенатори, односно Брендон Бојл и сенаторката Џин Шахин – копретседавачи на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД, а ќе учествува на свечениот настан по повод 75-годишнината на НАТО, што ќе се одржи во Andrew W. Mellon Auditorium. Македонската делегација ќе учествува и на отворањето на НАТО форумот и ќе присуствува на состаноците на Северно – атлантскиот совет, каде што премиерот Мицкоски ќе има прилика за средби со други лидери и изјави за медиуми, информираат од владината прес-служба.

Грчкиот премиер, пак денеска заминува за Вашингтон, а освен официјалниот дел и предвидените состаноци на НАТО Самитот, планирано е утре да учествува во јавна дискусија со поранешниот американски амбасадор во Грција, Даниел Спекхард во организација на Council on Foreign Relations, додека пак в среда непосредно пред почетокот на Самитот, Мицотакис ќе има јавна дискусија во рамките на NATO Public Forum со Надја Сендлоу, поранешна заменик-советничка за национална безбедност на САД. Дополнително, ќе има средби со членови на Конгресот, додека пак в петок ќе замине за Њујорк каде што ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Извор и фото: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ