• Latest

МОН и Бирото за развој на образованието со јавна консултација за наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение

July 10, 2024

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОН и Бирото за развој на образованието со јавна консултација за наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение

July 10, 2024 17:45
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

 Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието почнуваат јавна консултација за наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение.

Во соопштението од МОН се наведува дека сите засегнати страни за подобрување на квалитетот на основното образование ќе можат да учествуваат во јавната консултација со свои сугестии и предлог решенија за евентуални промени во нацрт наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение кои се веќе изработени од страна на стручни тимови, составени од советници од Бирото за развој на образованието, универзитетски професори и наставници од основните училишта, пренесе МИА.

Јавната консултација за наставните програми од седмо до деветто одделение, се додава, е со цел засегнатите страни, особено наставниците, да имаат можност да се запознаат со наставните програми и доколку имаат сугестии и предлог решенија за евентуални промени во нацрт наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение, да дадат свое аргументирано мислење за нивно подобрување.

– Новата Влада ја одложи имплементацијата на Концепцијата за основно образование во седмо, осмо и деветто одделение за учебната 2024/25 година поради реакциите во јавноста, особено за интегрирањето на одделни наставни предмети, што предизвика отежнување во организацијата и реализацијата на наставата. Промените кои следат ќе бидат креирани преку поширок консензус и почитување на мислењето на наставниците, стои во соопштението од МОН.

Се очекува, соопштија од МОН, сите заинтересирани да се вклучат во јавната консултација и да дадат придонес во подобрување на квалитетот на наставните програми, а со тоа и на целокупниот наставен процес во основното образование.

Новите наставни програми,се подвлекува меѓу другото, ќе се воведуваат етапно, од учебната 2025/26 година во седмо одделение, 2026/27 година во осмо одделение и во 2027/28 година во деветто одделение.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ