• Latest

ЕК распиша тендер од 12 милиони евра за систем за рано предупредување и следење на нови системски ризици или дигитални закани на онлајн платформите

August 2, 2024

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕК распиша тендер од 12 милиони евра за систем за рано предупредување и следење на нови системски ризици или дигитални закани на онлајн платформите

August 2, 2024 12:00
in ВЕСТИ, ДИСКУРС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија се залага за подобрување на алатките поврзани со спроведувањето на Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), пред се во делот на ограничување на ширењето дезинформации, заштита на малолетници од насилство и несоодветни содржини и регулирање на влијанието на познатите личности на социјалните мрежи и веб страниците.

Генералниот директорат за комуникациски мрежи, содржини и технологии на Европската комисија (ДГ ЦНЕЦТ) распиша тендер, вреден 12 милиони евра, за избор на изведувач на систем за рано предупредување што ќе ги следи технолошките настани во реално време и појавата на нови системски ризици или дигитални закани на онлајн платформите.

Компанијата што ќе победи на тендерот ќе треба да изработи алатки за следење и спречување на ризиците и за мониторинг на усогласеноста на онлајн пазарите и правилата за онлајн рекламирање.

– Од изведувачот ќе се бара да изврши анализа на ризиците од зависност или опсесивно користење на услугите на социјалните медиуми, се вели во техничките спецификации на тендерот.

Изведувачот исто така ќе треба да врши анализи на „улогата на познати личности при продажба и рекламирање на илегални производи“, како и да ги испитува „различните компоненти од искуствата што малолетниците ги имаат онлајн“.

Како дел од напорите за заштита на малолетниците на интернет и спречување на создавањето онлајн зависност, ЕК предвидува во текот на оваа година да направи анализа на три директиви за заштита на потрошувачите за да се увиди дали е потребна нивна измена или усвојување на сосема нова регулатива.

И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при нејзиното обраќање пред реизборот во Европскиот парламент, најави дека меѓу нејзините приоритети во новиот мандат ќе бидат и заштита на малолетниците на интернет и спречувањето онлајн зависност

Дополнително, ДГ ЦНЕЦТ објави извештај во кој се прави анализа на ширењето на дезинформации и лажни вести на интернет за време на изборите за Европарламентот во јуни и се повикува почитувањето на Кодексот за однесување кон дезинформациите од страна на онлајн платформите да биде формална обврска согласно ДСА.

Кодексот, изработен во 2018 година како алатка за саморегулација, ги поставува стандардите на ЕУ за однос кон дезинформациите. Негови потписници, меѓу другите, се и компаниите „Мета“, „Мајкрософт“, „Гугл“, „ТикТок“ и „Твич“, Светската федерација на огласувачи и мрежата за проверка на факти „Ле Сирлињер“ (Нагласувачите). Меѓу потписниците на Кодексот беше и компанијата „Икс“ на Илон Маск, но таа се повлече од него во мај 2023 година.

Европската комисија уште во март годинава иницираше дискусија за ревидирање на Кодексот со проширување на неговиот опфат.

Кодексот сега е необврзувачки договор и неговото почитување од страна компаниите е на доброволна основа. Но, со плановите за негова ревизија се предвидува почитувањето на Кодексот да стане задолжителна обврска за интернет компаниите опфатени со Законот за дигитални услуги. / МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ