• Latest

Од утре почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025

August 14, 2024
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивните операции во Појасот Газа

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Од утре почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025

August 14, 2024 13:19
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука денеска објави Повик  за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година и ги повика студентите што ги исполнуваат условите да се пријават.

Студентите што ќе аплицираат треба да се државјани на Република Северна Македонија, редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети, да не се во редовен работен однос, да не се  регистрирани како индивидуални земјоделци и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година.

Пријавувањето е електронски на https://e-uslugi.mon.gov.mk/  каде што кандидатите треба да ги прикачат пополнети и потпишани обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци  во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк (достапни за преземање во објавениот повик). Секој кандидат може да ја провери поднесената пријава, во електронската апликација во менито „Мои апликации“.

Рокот за пријавување е од 15 август до 5 септември и важи за тековните студенти и за студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2024/2025 година.

-Исто така, од 1 до 5-ти во месецот за секој месец од академската 2024/2025 година ќе тече рокот за пријавување на студентите кои не го оствариле правото на субвенциониран студентски оброк по Јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк или чие право престанало поради неисполнување на некој од критериумите, тогаш кога повторно ќе ги исполнуваат критериумите наведени во овој повик, наведува Министерството за образование и наука во  објавата на својата веб-страница.

Субвенциониран студентски оброк е финансиска поддршка во дневен износ од 140 денари што студентот ја добива од МОН за купување храна. Корисниците имаат право услугата да ја користат од понеделник до сабота. Доколку во тие денови не го искористат,  износот од субвенционираниот студентски оброк им е достапен на користење на сметката до крајот на тековната седмица, заклучно со сабота.

Правото за субвенциониран студентски оброк корисникот не може да го остварува од 1 јули до 1 октомври, како и за време на државни празници и во неработни денови.

Исплатите за субвенциониран студентски оброк се реализираат преку наменски картички на Шпаркасе банка АД Скопје со која МОН минатата година склучи договор. Студентите кои ќе се стекнат со правото на субвенциониран студентски оброк, ќе треба да потпишат договор со оваа банка за  отворање посебна сметка поврзана со наменска платежна картичка за субвенциониран студентски оброк, независно од тоа дали  претходно биле клиенти на Шпаркасе банка. За отворањето на сметката и издавањето на платежната картичка студентот нема да има трошоци.

Студентот ќе може да ги троши средствата наменети за субвенциониран студентски оброк кај даватели на субвенциониран студентски оброк, кои се правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна единствено преку картичката на Шпаркасе банка АД Скопје. Доколку студентот не ја подигне навремено картичката или воопшто не ја подигне картичката нема да може да ги искористи средствата на ниту еден друг начин. Рокот и начинот на подигање на картичките ќе биде дополнително објавен од Министерството и Шпаркасе банка.

Министерството го испишува лицето од евиденцијата на корисници на субвенциониран студентски оброк кога ќе утврди дека повеќе не ги исполнува условите за користење на ова право.  Посочува и дека по службена должност ги обезбедува доказите од надлежните институции (МВР, АВРМ, УЈП и студентските служби на факултетите) кои се однесуваат на условите за пријавување за остварување на правото на субвенциониран оброк за секој кандидат поединечно.

За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка преку Секторот за ученички и студентски стандард, на контактот: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk  или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството.

Исто така, за да им помогне на студентите, МОН  во објавениот повик постави и видео за начинот на аплицирање. /МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МОНобразованиеоброкстуденти
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ