• Latest

Претседателката на Косово им даде рок на партиите до утре да се изјаснат за датумот на идните парламентарни избори

August 15, 2024
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Претседателката на Косово им даде рок на партиите до утре да се изјаснат за датумот на идните парламентарни избори

August 15, 2024 21:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека политичките партии имаат рок до утре да ги испратат дополнителните прашања што ги имаат во врска со одредувањето на датумот за следните парламентарни избори, што треба да се одржат на почетокот на 2025 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Османи рече дека добилa одговори од повеќето политички партии, додавајќи дека и владејачката партија Движење Самопределување (ВВ), на чие чело е премиерот Албин Курти, испратила свој предлог за датумот на изборите.

„Денеска не го објавувам датумот, меѓутоа, на партиите им дадовме рок до крајот на оваа недела доколку имаат дополнителни прашања што не ги покренале тој ден (на средбата кај неа на 31 јули), во меѓувреме да ги покренат. Добивме одговори од огромното мнозинство. Имаме рок до утре до крајот на работното време да слушнеме дали имаат дополнителни проценки и откако утре ќе истече рокот ќе седнеме и ќе ги слушнеме оценките на мојот кабинет, на правниот тим“, изјави Османи пред новинарите.

Таа нагласи дека сите партии ги покренале своите прашања, но на крајот е дискреционо право на институцијата Претседател на државата да го избере датумот што го смета за најсоодветен.

„Искрено, нема разлики – една недела повеќе или помалку – верувам дека не прават голема разлика. Да, пред два дена ја информиравме јавноста дека претседателот на ВВ, воедно и премиер, писмено ме извести за преферираниот датум на ВВ“, рече Османи.

Косовската претседателка на 31 јули одржа консултативна средба со лидерите на политичките партии за да ги добие нивните преференции за датумот на изборите. На оваа средба не присуствуваше првиот човек на владејачката партија, премиерот Курти, како и главната партија на косовските Срби, Српска Листа.

Со оглед дека расположливите датуми се блиску еден до друг, Османи по средбата изјави дека нема големи разлики или инсистирања од партиските лидери кои учествуваа на средбата.

„Нашата дискусија беше во контекст на овие четири датуми. Како што можете да замислите, немаше претерано инсистирање, имаше преференции бидејќи разликата не е многу голема, зборуваме за неколку недели. Некои партии се за 26 јануари, три или четири други го претпочитаа 9 февруари, две или три 16 февруари, а имаше и партии кои немаа преференции. Сè уште сме во рокот за консултации“, рече таа на прес-конференцијата по средбата.

Лидерите на трите албански пзрламентарни опозициски партии беа на ист став дека изборите треба да се одржат на 26 јануари.

Наредните парламентарни избори во Косово ќе бидат првите редовни избори во државата од нејзиното прогласување независност во 2008 година. /МИА

Tags: Вјоса ОсманиизбориКосово
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ