Со почетокот на учебната година, почнуваат и грижите за безбедноста на учениците. Секоја учебна година носи и ризици за безбедноста на учениците. Неретки се инциденти во кои жртви се учениците или тие се учесници во групно насилство. Инцидентите се случуваат во училиштата и училишните дворови, но уште почесто надвор од нив, на улиците, во автобусите или на места за дружење и забава, како локали и спортски објекти.
ЦивилМедиа го постави прашањето на својата Фејсбук страница како текстуална објава и кратко видео:
Дали и колку учениците се безбедни во и надвор од училиштата?
Граѓаните со поделени мислења, но повеќете велат дека не само младите туку генерално никој не се чувствува безбедно.
„Никој денеска и никаде не е безбеден, ни се е** мајката на сите за безбедност“.
„Кај мене во Аеродром шетаат слободно малолетници по 23 часот,време кое не е за шетање за малолетни деца. Но штом родителите ги пуштаат мислат дека не е опасно“.
„Во мое време (кога бев во основно) не бев воопшто безбеден ни во училиштето, ни надвор од него, единствено беа безбедни буџованските деца, ситуацијата во денешно време не е значително подобрена“.
„Мислам дека учениците се безбедни во и надвор од училиштата“.
„А кој е безбеден жити се“, се само дел од одговорите на граѓаните кои коментираа.
Д. Муратов