• Latest

Образовните асистенти сè уште нерешен системски проблем

September 9, 2024

Во вториот круг од локалните избори евидентирани се 19.287 неважечки гласачки ливчиња

November 3, 2025
Фото: Телеграм

Најмалку 15 цивили убиени, меѓу кои 11 и 14-годишно дете и уште 20 повредени во руските напади низ Украина во изминатиот ден

November 3, 2025
Скриншот од sec.mk

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Образовните асистенти сè уште нерешен системски проблем

September 9, 2024 10:04
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Асистенти за ученици со попреченост во основните училишта се ангажираат од  2016 година, преку преку програмата за општинско корисна работа во соработка со УНДП. Пет години подоцна, од 2021, почна да се спроведува новиот систем за „Образовна асистенција“, со кој асистентите паднаа на товар на државниот буџет. Проблеми сè уште има и кај ангажирањето образовни асистенти за основците, а далеку од решение е за учениците во средно, бидејќи законот уште не е донесен. Додека лутаат низ лавиринтите на системот и чекаат институциите да си ја завршат работата, многу родители немаат друг избор освен да остават работа и да бидат со детето во училиште, или да го остават дома да не посетува настава.

Тече и втората недела од новата учебна година, а Никола (името не е е вистинско за да му се заштити идентитетот), четврто одделение во скопско училиште, уште нема образовен асистент да му помага во училиште, иако законски му следува поради неговиот аутистичен спектар. Откако се појави проблемот со ненавремено ангажирање на асистенти во училиштата, Никола, како и десетици други деца со попреченост, не може да биде на настава.

Или, ако отиде на некој час, со него седи мајкèа му.

Точниот број на деца кои од истата причина седат дома, наместо да се во училиште, Министерството за образование не го објави. „Независен весник“ има сознанија за десетици деца, со чие родители контактиравме, но тој број очекувано е  да е поголем.

– Годинава, како што ни најавија, нема да имаме асистент до 15 септември. Лани со асистент почна на 1 септември, а годинава е многу лошо, затоа што исчекуваме, не знаеме како ќе помине денот. Некои од родителите не ги носат своите деца во училиште, додека не им се додели асистент, а некои ги носиме – вели таа. Појаснува дека се различна смена со поголемиот брат, па тој го чува додека не дојдат родителите од работа.

Додека Никола чека асистент, неговата до лани асистентка чека работа…. Таа се пријавила на годинешниот конкурс, па очекува од следната недела да почне со работа, но не се знае дали истата асистентка, повторно ќе работи со Никола.

Проблемот со години се провлекува

Годинава проблемот со образованите асистенти беше најизразен бидејќи учениците не ги добија на првиот училишен ден – но истиот всушност, се провлекува со години.

За тоа сведочи и мајката на Никола. Таа раскажува дека со со него работеле дефектолози и логопеди од четигидишна возраст во сензорна соба, а кога стигнал на возраст да почне во училиште од МКФ му одобриле образовен асистент. Но, бидејќи во училиште почнал да оди во време на Ковид, не му бил доделен асистент.

Од ресурсниот центар подоцна, во текот на учебната година задолжиле образовен асистент да работи со него и со уште едно друго дете. Но, двете деца биле во два различни класа, па асистентката поголемиот дел од времето го поминувала со другото дете, а со Никола само половина час и тоа откако ќе завршат часовите, пишува Независен.

Целиот прилог на Независен.мк

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ