• Latest

Годишнина од терористичките напади во САД

September 11, 2024
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Годишнина од терористичките напади во САД

September 11, 2024 09:00
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година се случија терористички напади организирани од екстремната исламистичка група Ал Каеда, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе.

На тој ден, два патнички авиона, со разлика од 16 минути, удрија во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, еден од симболите на тој град.

Претходно истото утро, членовите на терористичката организација Ал Каеда киднапираа четири патнички авиони, кои потоа ги насочија кон важни објекти, со идеја да ги извршат најразорните напади врз водечките симболи на САД.

Првиот удар се случи во 8:46 часот, во Северната кула на комплексот Светски трговски центар. Тоа беше летот 11 на Американ Ерлајнс.

Вториот удар се случи седумнаесет минути подоцна во Јужната кула на Трговскиот центар. Тоа беше летот 175 на Американ Ерлајнс.

Двете кули на Светскиот трговски центар, кои имаа по 110 ката, се урнаа во рок од еден час и четириесет минути. Уништени или оштетени беа и околните згради.

Набргу по нападот во Њујорк, имаше напад и во Вашингтон. Беше нападната зградата на Пентагон и во неа се урна трет авион, авионот на Американ Ерлајнс, лет бр. 77 во 09.37 часот.

Само четвртиот авион терористите не го користеле за разорен напад. Тој се урна во Пенсилванија во 10:03 часот во полето на градот Стони Крик, недалеку од Шанксвил. Група патници во него се обиделе да ги совладаат киднаперите, надевајќи се дека ќе го преземат авионот. Тоа беше летот бр. 93 на Јунајтед ерлајнс.

Се претпоставува дека терористите на Ал Каеда имале намера со четвртиот авион да ја нападнат зградата на Капитол во Вашингтон или можеби Белата куќа.

Загинаа вкупно 2.996 луѓе, меѓу кои и 19 терористи на Ал Каеда, киднапери и напаѓачи. Имаше голем број повредени, според некои извештаи дури 25.000.

Исламските екстремисти, напаѓачите, претежно беа од Саудиска Арабија, 15 од нив, како и нивниот лидер Осама Бин Ладен. Двајца беа од Обединетите Арапски Емирати, а по еден од Египет и Либан.

Во Њујорк загинаа 2.606 луѓе, меѓу кои и членови на итната помош, медицински персонал. Загинаа и 343 пожарникари, како и 71 припадник на полицијата и другите безбедносни служби. Меѓу жртвите во Њујорк имаше 372 странски државјани од 102 земји.

Во Вашингтон, односно Пентагон загинаа 125 луѓе. За време на тој напад, во авионот загинаа 59 лица, вклучувајќи го и екипажот.

Во авионот што се урна недалеку од Шенксвил, Пенсилванија, пак, вкупниот број загинати беше 40, патници, екипаж и терористички напаѓачи.

Официјалните лица на САД само неколку часа по разорните терористички напади објавија дека напаѓачите биле дел од екстремната исламистичка организација Ал Каеда. Веднаш беше започната сеопфатна акција за справување со таа организација. Лидерот Осама бин Ладен беше убиен на 2 мај 2011 година во Аботабад, во регионот Хазара, на северот на Пакистан.

Комплексот на Светскиот трговски центар, односно целата област околу него, беше расчистен во текот на следните осум месеци, а Пентагон за една година.

Во САД со посебна почит се сеќаваат на жртвите од разорните терористички напади од 11 септември 2001 година. /МИА

Tags: 11 септемвриКУЛИ БЛИЗНАЧКИСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ