„Имаме раздвижување во делот на економијата и очекувам тоа така и да продолжи во периодот којшто следи. Со ова денешно присуство сакаме да испратиме порака дека Владата и бизнис заедницата се партнери и така треба да продолжат да функционираат во иднина“, изјави Мицкоски.
„Постои многу тесна и интензивна соработка меѓу Северна Македонија и Германија и оваа соработка сакаме да ја продлабочиме со новата македонска Влада. Наша цел е постоечките инвестиции кои што се во земјата повторно да инвестираат, но наша заедничка цел со Владата е и да привлечеме нови германски инвестиции“, изјави директорката на АХК, Антје Ванделт.
Ванделт најави две нови инвестиции, а Мицкоски изјави дека очекува да бидат договорени дополнителни три до крајот на годината.