Во јавноста повторно се поставува дилемата дали балансерот ја исполнува целта или се злоупотребува затоа што етничката припадност е основен податок при вработувањето во јавната администрација. Балансерот како алатка беше воведен во 2016-та за да служи за соодветна и правична застапеност на сите заедници во секоја институција од државниот и јавниот сектор.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за алтката „балансер“?
Уставниот суд на денешната седница ќе расправа по предметот за „балансерот” – алатката за вработување според национална припадност во државните институции, кој е оформен по иницијатива поднесена од стариот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Прашањето за „балансерот“ ЦИВИЛ го постави на своите социјални профили и ги повика сите свои читателки и читатели да одговорат во коментари или во пораки, ако сакаат да останат анонимни.
Анонимност
Јасно е дека некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Редакцијата ЦивилМедиа ги повикува сите засегнати да споделуваат и коментираат. Најдобрите одговори, вклучително и анонимните, ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа