• Latest

Ромче од Прилеп скршено од ќотек – одговорни нема

September 19, 2024
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Ромче од Прилеп скршено од ќотек – одговорни нема

September 19, 2024 13:53
in ВЕСТИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата и Обвинителството за гонење организиран криминал, сториле директна дискриминаија кон дете Ром од Прилеп, затоа што не спровеле детална темелна истрага како детето завршило со фрактури на главата, градниот кош и грбот и дали тоа е поради употреба на прекумерна полициска сила.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дека МВР и одделот во ОЈО ГОКК што ги гони сторителите на кривични дела што имаат полициски овластувања, заеднички сториле директна дискриминација кон детето Ром, и тоа врз основа на етничка и расна припадност, објави Слободен печат.

Настанот се случил на 5 ноември 2021 година. Тогаш во Прилеп, во местото викано „Бункер“ таткото го испратил својот малолетен син Ром да земе некои работи. Откако по подолг период синот не се вратил дома, таткото поитал да го бара и го нашол, со лисици на рацете, со црвенило на вратот и опкружен со полициски службеници и полициско возило. Наводите до Комисијата за заштита од дискриминација се дека „кога полициските службеници го пресретнале малолетникот, физички го нападнале, му нанеле повеќе повреди и му ставиле лисици на рацете“.

Во пријавата до Комисијата за заштита од дискриминација се тврди дека откако му ставиле лисици на рацете, го однеле во близина на место на кое претходно имало инцидент, до натоварено возило со украдени дрва, и бидејќи сметале дека самото дете е дел од поголема организирана група која претходно украла дрва, го терале да каже чие е возилото. Се додава и дека со прекумерна полициска сила, го распрашувале малолетникот чие е возилото на местото и му се заканиле дека ако не каже, ќе станат уште побрутални. Кога таткото пристигнал на местото, ги прашал полицајците зошто го држат неговиот малолетен син, за кој забележал дека е премногу исплашен, со црвенило на вратот и со лисици на рацете. Тој викнал итна помош која му пружила помош на малолетникот па го однела во Општата болница Прилеп. Детето доживеало голем стрес, страв, психичко и физичко страдање, а имало скршеници на главата, градниот кош и долниот дел од грбот.

Родителите на детето од ромска етничка припадност, ги пријавиле полицајците во внатрешна контрола, но и во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал каде се спровела истрага за „мачење и друго сурово или нечовечко или понижувачко постапување и казнување“. Постапката во обвинителството се влечела повеќе од 1 година, за на крајот да биде запрена, со образложение дека немало докази оти полицајците го мачеле детето Ром.

За да дојде до овој заклучок, обвинителството како сведоци ги викнало инспектор од Прилеп и полицаец од Прилеп, самите осомничени полицајци, но и лекарката од Брзата помош Прилеп. Всушност, полицајци сведочеле во одбрана на свои колеги, со кои заедно биле излезени на работна задача, а обвинителството им верувало. Пред обвинителството била викната и докторка од итната медицинска помош, која тврдела дека ниту таа ниту нејзин колега не биле на настанот, иако семејството доставило видео снимка на која убаво се гледа и возилото, и човек облечен во униформа на итната медицинска помош.

Таа тврдела дека ниту таа ниту било кој нејзин колега од итната помош не биле на местото на настанот тој ден, иако семејството доставило видео-снимка на која убаво се гледа како на детето му се пружа итна медицинска помош на местото на настанот. Екипата му дала средство за смирување на детето, за да си дојде на себе од што било истрауматизирано.

Обвинителството констатирало дека не е спорно оти кога детето се јавило на лекар во болницата во Прилеп, имало телесни повреди, но немало докази дека тие се нанесени од полициските службеници. Затоа ја запреле постапката, а семејството се жалело до Вишото јавно обвинителство. И внатрешна контрола во МВР утврдила дека немало докази дека детето е претепано од полицајците.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе и јавно објави мислење со кое се утврдува директна дискриминација врз основа на етничка и расна припадност. Оттаму потсетија и на случаи пред Европскиот суд за човекови права во кои се покажало дека полициската бруталност ниту е доволно испитувана, ниту е соодветно казнувана, а случајот со детето Ром наликувал на нив.

„Неспроведување на темелни истраги, поклонување повеќе верба на искази и извештаи составени од потенцијалните сторители и нивните колеги, одолговлекување на постапувањето и не земање предвид на расната и етничката припадност како можни мотиви за насилничко опстапување, се клучни карактеристики на постапувањето во овие случаи.

Не земањето предвид дека се работи за дете од традиционално маргинализиранаи ранлива група и пропуштањето да се спроведат поригорозни истраги кои ќе ги земат предвид последиците кон менталното здравје и развој на детето се особено загрижувачки“, пишува во мислењето на Комисијата за заштита од дискриминација.

Комисијата смета дека претставката се однесува на сериозен случај на полициска бруталност кон дете Ром, најверојатно мотивирано од омраза и предрасуди, за кој органите за прогон одбиваат да постапат соодветно, да спроведат темелни истраги и да го заштитат детето. Со ова случајот отсликува проблем документиран и адресиран од страна на повеќе меѓународни тела за човекови права.

Целата сторија на Слободен печат може да ја прочитате ТУКА.

Фото: ЦИВИЛ архива

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ