Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 939 ден од почетокот на руска инвазија ја искористи својата сметка на Х да упати отворено писмо до претседателот на шаховската федерација на Северна Македонија, Саша Богдановиќ во кое бара тој да ја задржи суспензијата на спортистите од руската федерација и република Белорусија од учество на меѓународни натпреварувања.
Ден 939. Од почетокот на руската агресијата, украинската спортската заедница изгуби повеќе од 500 спортисти. Украина ја повикува ФИДЕ да ја задржи суспензијата на спортистите од руската федерација и република Белорусија од учество на кое било меѓународно натпреварување.
Day 939. Since the beginning of🇷🇺 aggression,🇺🇦sports community has lost more than 500 athlets.
🇺🇦calls on FIDE♟️to maintain the suspension of athletes from the russian federation and republic of belarus from participating in any international competition#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/CcoN5UYWWU— Larysa Dir (@dir_larysa) September 19, 2024
Во писмото, амбасадорката Дир изрази благодарност и побара поддршка за одржување на суспензијата на спортистите од Руската федерација и републиката Белорусија од учество на кое било меѓународно натпреварување на Светската шаховска федерација (ФИДЕ).
Во продолжение на писмото, Дир истакнува дека во 2022 година, ФИДЕ им забрани на претставниците на Русија и Белорусија да учествуваат на меѓународни натпревари. Посочува дека враќањето на правата на националните шаховски федерации на Русија и Белорусија да учествуваат во настаните на ФИДЕ ќе се дискутира на следниот состанок на Генералното собрание на ФИДЕ, што ќе се одржи од 21 септември до 22 септември 2024 година во градот Будимпешта (Унгарија).
Таа потсетува дека поради воената агресија на Руската федерација, повеќе од 500 спортски инфраструктурни објекти во Украина се уништени или оштетени, повеќе од 500 украински спортисти и тренери, вклучително и 21 шахист, беа убиени од Русите за време на агресијата против Украина. Дел од украинските спортисти никогаш нема да учествуваат на официјални натпревари.
Украинската амбасадорка во писмото нагласува дека руските шаховски клубови активно објавуваат материјали на нивните страници за поддршка на војната во Украина, поддршка за руските трупи кои учествуваат во неа, шахистите ги посетуваат привремено окупираните украински територии, вклучувајќи ги Мариупол и Крим.
Апелираме до вас да не дозволите употреба на спорт против човештвото и за целите на легитимирање на војната, вели украинската амбасадорка Дир и додава: Би биле благодарни за вашата поддршка и одговор пред почетокот на следниот состанок на Генералното собрание на ФИДЕ!
Драган Мишев