• Latest
Презенатација на посебните извештаи за претседателските и парламентарните избори 2024, ДКСК (Фото: ЦИВИЛ)

ДКСК бара укинување на буџетското финансирање за медиумско преставување во изборните кампањи поради корупциски ризици и влијание на партиите врз медиумите

October 16, 2024
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ДКСК бара укинување на буџетското финансирање за медиумско преставување во изборните кампањи поради корупциски ризици и влијание на партиите врз медиумите

October 16, 2024 15:16
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Презенатација на посебните извештаи за претседателските и парламентарните избори 2024, ДКСК (Фото: ЦИВИЛ)

Презенатација на посебните извештаи за претседателските и парламентарните избори 2024, ДКСК (Фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси денеска ги презентираше наодите од Посебните извештаи за претседателските и парламентарните избори 2024.

Извештаите ги содржат утврдените состојби во финансирањето на изборните кампањи укажувајќи на недоследности во законската регулатива, односно слабости во Изборниот законик кои реферираат и на двата изборни циклуси.

Дел од нив се констатации кои како предлог-измени влегоа по работата на Работната група за изборни реформи, иницирана од Министерство за правда, во 2023 година, кои не поминаа во Собрание. Непосредно пред претседателските и парламентарни избори во 2024 се изгласаа измени нап редлог на Група пратеници.

Забелешките на ДКСК се однесуваат на буџетското финансирање на политичките партии, конкретно доуредување на критериуми за платеното политичко рекламирање, во смисла доколку се остане на ваков вид на покривање од парите на граѓаните.

Медимското претставување на интернет порталите за време на изборите, размена и контрола со воспоставување на интеропорабилен систем за размена и контрола на податоците за активноста на банерите, регулација на учеството во изборна кампања преку социјалните мрежи, условите и критериумите за кои електронски медиуми можат да користат средства за платено политичко рекламирање, јасни и прецизни критериуми за распределба на средствата наменети за електронските медиуми за политичко платено рекламирање се, исто така, дел од забелешките на ДКСК.

Дополнително, според извештајот од вкупните извори на финансирање на изборната кампања во износ од 385.022.129 денари, 64% се средства од буџетот на државата, при што препораката на ДКСК е истиот да се укине поради постоење на корупциски ризици и идното влијание на политичките партии врз уредувачката политика на медиумите. Како што соопшти ДКСК, ДИК има исплатено само 3% од вкупната обврска за платено политичко рекламирање.

ДКСК за време на парламентарните избори оформи 65 предмети, донесе 30 одлуки за запирање, 15 одлуки за отфрлање, а 8 предмети затвори . За време на претседателските избори покренати се 6 иницијативи за поведување постапка за кривично гонење и 4 иницијативи пред надлежни органи за поведување постапка за утврдување одговорност на службени лица.

За парламентарните избори 13 учесници доставиле финансиски извештај, 4 учесници уште не го доставиле, но се забележува дека во некои извештаи има непополнети износи и суми кои не се поклопуваат со изводите од трансакциските сметки за изборна кампања.

За претседателските избори сите учесници навремено ги доставиле вкупните финансиски извештаи.

Што се однесува до медиумите многу мал број поднеле извештај за изборно медиумско претставување и во двата изборни процеси. Од вкупно 37 телевизии за парлементарните избори извештај поднеле само 22, а од 249 електронски медиуми, извештај доставиле само 47.

Дел од надлежностите на ДКСК е и регистар на службени возила со кои располагаат институциите, потребните информации навремено ги доставиле 402 институции, 329 ги доставиле со задоцнување, а 826 воопшто не ги доставиле, од кои и 10 министерства.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, нагласи дека исплатата на медиумите за платено политичко рекламирање не треба да го прави ДИК, со оглед дека не е вклучена во скопување на договорите меѓу политичките партии и медиумите, туку само посредува во исплатата. Кондарко предложи Министерствто за финанси, кое располага со Буџетот да најде механизими и за контрола на тришење и исплата на тие средства.

Претставникот на ДЗР најави дека ревизорските извештаи може да се очекуваат во јануари/февруари следната година. Тој предложи дека измената н членот 8-а од Изборниот законик ја усложнува работата на комисиите. Имено во него не е прецизирано кои случаи се итни и неодложни работи кога треба: да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи. (член 8-а (1)).

Од Министерство за правда најавија формирање работна група за изборни реформи на почетокот на 2025 година, а потребата од нов Изборен законик ја истакнаа и ДКСК, ДИК, ААВМУ.

На презентацијата присуствуваше и претставник на ЦИВИЛ.

ДКСК извештаите ги подготви во соработка и со поддршка на НДИ, НЕД ИФЕС и ЗМАИ.

Биљана Јордановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ