Жртвите на трговија со луѓе често имаат проблеми со остварување на своите права во Германија, според извештај објавен во Берлин во четвртокот.
Студијата, од Гермнскиот институт за човекови права, е опишана како прва која ги сумирала сите расположиви податоци на оваа тема, како од властите, така и од советодавните центри.
„Трговијата со луѓе се случува секој ден во Германија, на пример, во медицинската нега, домашната работа, проституцијата, земјоделството, индустријата за преработка на месо или во градежната индустрија“, рече директорот на институтот, Беате Рудолф. „Тие се трудоинтензивни и не бараат ниту посебни квалификации, ниту јазични вештини“.
Многу од погодените остануваат да се кријаат затоа што се срамат, им се закануваат или се плашат од одмазда.
Институтот е финансиран од федералната влада и работи независно. Спроведува истражување и обезбедува совети за човековите права и ги советува политичарите.
Нејзините истражувачи откриле жртви на сексуална експлоатација првенствено од Германија, Романија, Бугарија, Кина, Унгарија, Тајланд и Виетнам.
Извештајот, кој треба да се објавува на секои две години во иднина, опфаќа податоци од периодот 2020 до 2022 година. За тоа време, истражните органи идентификувале 3.155 жртви, во просек од скоро три на ден. Меѓутоа, се претпоставува дека има висок број на непријавени случаи.
На секоја машка жртва има две женски жртви. Во случај на сексуална експлоатација, над 90% од засегнатите се жени, додека во случај на трудова експлоатација, повеќе од половина се мажи. Според Федералната канцеларија за криминалистичка полиција (БКА), речиси еден од четворица е малолетник.












