• Latest

РФ користи забранети хемиски супстанции против Украинците

October 24, 2024
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

РФ користи забранети хемиски супстанции против Украинците

October 24, 2024 14:21
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР

Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Флагрантното кршење на нормите на меѓународното право од страна на државата агресор РФ, вклучително на Повелбата на ОН и Женевските конвенции, продолжува и во време, и во простор.

Конвенцијата за забрана на развивање, производство, складирање, употреба на хемиско оружје и нејзино уништување беше додадена на низата конвенции прекршени од страна на РФ.

За време на инвазијата од големи размери на суверената територија на Украина, руската армија незаконски користи хемиска муниција.

РФ против украинските војници користи хлорпикрин – отровен гас што се користел за време на Првата светска војна.

Руските војници користи гранати К-51, кои ги фрлаат од беспилотни летала врз фортификационите објекти на украинските војници, за да ги принуди да се најдат под оган на конвенционалното оружје. Регистрирани се случаи на употреба на импровизирана хемиска муниција со различни хемиски супстанции меѓу кои и хлорпикрин. Најчесто руските окупатори користат гранати од типот К-51, РГР, РГ-В, кои ја содржат опасната хемиска супстанца CS – (хлоробензалмалононитрил). Оваа супстанца спаѓа во групата на надразнувачи, односно борбени отровни материи со иритирачки ефект и истата е забранета со Конвенцијата за хемиско оружје.

Употребата на забрането хемиско оружје од страна на РФ на бојното поле им дава значителни можности на руските агресори да ги истисне украинските војници од сопствената територија.

Земјите-членки на Иницијативата за размена на информации од областа на радијационата, хемиската, биолошката и нуклеарната безбедност и заштитеност во врска со Украина во нивната Изјава (мај 2024 година, г. Прага, Чешка, Изјавата беше поддржана од следните земји-членки на Иницијатива за размена на информации: Канада, Финска, Италија, Норвешка, Шведска, Украина, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави) истакнаа дека како одговор на руската одвратна  и незаконска употреба на хемиско оружје на бојното поле, Иницијативата го прошири нејзиниот опсег во мај 2024 година со цел да одговори на итните потреби на Украина во целиот спектар на радијационата, хемиската, биолошката и нуклеарната безбедност и заштитеност.

Покрај тоа, повеќекратната употреба од страна на Русија на хемиски средства за борба против масовните немири како метод на војување, како и употребата на Русија на друга хемиска муниција против Вооружените Сили на Украина, е грубо кршење на Конвенцијата за забрана на хемиско оружје.

Земјите учеснички во Иницијативата истакнаа дека за време на војната од големи размери на Русија против Украина, изјавите и дејствијата на Русија создадоа сериозна закана за безбедноста на нуклеарните и другите радиоактивни материјали и објекти во Украина, што може да доведе до катастрофални последици за украинското население и животната средина.

Во 2024 година, украинската страна испрати до техничкиот секретаријат на Организацијата за забрана на хемиско оружје десетици обраќања во врска со грубите прекршувања на Конвенцијата за хемиско оружје од страна на РФ.

 

На 8 октомври 2024 година, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска објави одлука за воведување рестриктивни мерки против радијационите, хемиските и биолошките одбранбени сили на Руската Федерација и нивното раководство за употреба на хемиско оружје во Украина.

МНР на Украина истакна дека ова е уште една потврда на фактот дека Руската Федерација, кршејќи ја Конвенцијата за забрана на хемиско оружје, продолжува да врши злосторства поврзани со употреба на опасни хемиски супстанции против Силите за безбедност и одбрана на Украина.

Кремљ, се разбира, ги негира фактите за прекршувањето.

И покрај осудувачката реакција на меѓународната заедница, Руската Федерација продолжува брутално да ги крши нормите на меѓународното право.

Наспроти ова, особено цинични се намерите на руската страна да биде избрана во Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје за периодот 2025-2027 година.

Државата агресор РФ, која систематски ја прекршува Конвенцијата за забрана на хемиско оружје, користејќи отровни хемиски супстанции против украинските Сили за одбрана, прво мора да биде изведена пред лицето на правдата и казнета, а второ, не може да биде избрана во состав на раководните органи на соодветни меѓународни организации, вклучително во Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје.


фото извор: BBC/Ukrainian


Специјално за ЦивилМедиа. Дозволено за преземање, според лиценцата Creative Commons.
Tags: Женевски конвенцииКонвенција за хемиското оружјеПовелба на ОНруска агресијаХемиско оружје
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ