ЗОРАН ИВАНОВ
Актуелната политика на македонската влада е, всушност, бугарска антимакедонска политика и оваа констатација извира од проста причина која упатува на тоа дека доколку некој не сака Македонија да биде ЕУ членка тоа е секако Софија бидејќи бугарските историски и идентитетски теми ниту биле, ниту се, ниту ќе бидат на менито на ЕУ масатат зашто на ЕУ агендите воопшто не се ни помислува на теми од истории и идентитети и ете, само од тие круцијални факти Софија трие раце Мицкоски да ја држи Нашата земја подалеку од ЕУ за така, кажано во една реченица, таа, Бугарија, да може и таму во ЕУ без нас, комотно да си продолжи со своите негаторски антимакедонски подметнувања па, ако со ваквата своја политика Мицкоски продолжи до недоглед, тогаш можеби е само пршање на денот кога, во знак на историска благодарност, бугарската држава во софиската Борисова градина ќе подигне, ако не споменик, тогаш барем биста со ликот на нашиот актуелен антиевропеец и, еве, практично и моќен подржувач на бугарската негаторска антимакедонска политика.