• Latest
Фото: Скринчот Централна изборна комисија на Молдавија

Обновено: Про-ЕУ кандидатката Маја Санду во неизвесно гласање во вториот круг ги добива изборите во Молдавија со освоени 54% од прeбројани 98 отсто од гласовите

November 3, 2024

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Најмалку 50 загинати во ноќешните израелски напади врз Појасот Газа

October 29, 2025
Фото: МИА

Полски МиГ-ови пресретнаа руски извидувачки авион

October 29, 2025
Фото: Ангел Ангеловски

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово

October 29, 2025
Фото/ Wikimedia commons

Евробарометар: Повеќе од половина Европејци поддржуваат проширување на Европската Унија

October 29, 2025

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Обновено: Про-ЕУ кандидатката Маја Санду во неизвесно гласање во вториот круг ги добива изборите во Молдавија со освоени 54% од прeбројани 98 отсто од гласовите

Според ажурираните податоци на  Централната изборна комисија , со преброени речиси 98 отсто од гласовите, Санду е во водство со 54,19 отсто од гласовите, а со резултатите што сè уште доаѓаат од гласањето за иселениците,се очекува да ја зацврсти својата предност, наспроти освоените 45, 81 отсто гласови на Стојаногло.

November 3, 2024 23:17
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: Скринчот Централна изборна комисија на Молдавија

Фото: Скринчот Централна изборна комисија на Молдавија

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, која се залага за ЕУ, е на пат да го освои вториот мандат по клучниот втор круг на претседателските избори кој се смета за избор меѓу Европа и Русија, откако Александр Стојаногло, кој беше поддржан од проруската Партија на социјалистите и вети поблиски односи со Москва, рано го презеде водството, пренесува Би-би-си.

Според ажурираните податоци на  Централната изборна комисија , со преброени речиси 98 отсто од гласовите, Санду е во водство со 54,19 отсто од гласовите, а со резултатите што сè уште доаѓаат од гласањето за иселениците,се очекува да ја зацврсти својата предност, наспроти освоените 45, 81 отсто гласови на Стојаногло.

За време на гласањето, советникот за национална безбедност на претседателот рече дека имало „масовно мешање“ од Русија во изборниот процес во Молдавија што имало „висок потенцијал да го наруши исходот“.

Русија веќе негираше дека се меша во гласањето, кое дојде една недела по уште едни клучни источноевропски избори во Грузија, чиј претседател рече дека тоа биле „руска специјална операција“.

Како што беа затворени гласачките места, и Маја Санду и нејзиниот ривал им се заблагодарија на гласачите, при што Стојаноглу зборуваше на руски и романски. Иако романскиот е главниот јазик на Молдавија, рускиот е широко распространет поради неговото советско минато. Александр Стојаногло, кој беше разрешен од функцијата главен обвинител од Санду, негираше дека е про-Кремљ.

Гласањето заврши во Молдавија во 21:00 часот (19:00 часот по Гринич), со излезност од 54%, ​​поголема од пред четири години, а особено висока кај иселениците гласачите на избирачките места во странство.

Додека Санду го претекнуваше својот предизвикувач, имаше навивање во нејзиниот изборен штаб и скандирања „победа“.

Нејзиното водство се очекуваше да стане уште појасно штом ќе дојдат резултатите од САД, како и од ЕУ. Конечниот резултат ќе биде објавен во понеделник.

Стојаноглу особено добро котираше во руралните области и на југот, додека Санду беше во предност во градовите и во странство, објавија молдавските медиуми. Санду апелираше откако гласаше за Молдавците да ја зачуваат својата независност, предупредувајќи на „крадците“ кои се обидоа да го купат нивниот глас и нивната земја.

Претседателскиот советник за национална безбедност Станислав Секриеру рече дека Русија организирала автобуси и големи чартер летови за да ги донесе гласачите на избирачките места.

Страшувањата од бомби накратко го прекинаа гласањето во Молдавија, на избирачките места во ОК во Ливерпул и Нортхемптон и во Франкфурт и Кајзерслаутерн во Германија, додаде тој. Изборната комисија на Молдавија соопшти дека е запознаена со извештаите за организиран и нелегален транспорт на гласачи по воздушен и копнен пат во Русија , Белорусија, Азербејџан и Турција и апелираше до јавноста да пријави дополнителни прекршувања.

Иако Санду лесно победи во првиот круг од гласањето, неколку кандидати застанаа зад Стојаногло, иако третопласираниот кандидат одби да поддржи ниту еден од двајцата.

Првиот круг се совпадна со референдумот за поддршка на промената на уставот со определбата за пристапување во ЕУ. На крајот гласањето помина со мала разлика за, а Маја Санду рече дека има јасни докази за обиди да се купат 300.000 гласови.

М. Д.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: избори МолдавијаМаја Санду
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ