• Latest

СДСМ и ДУИ ја прифаќаат „фрлената ракавица“ на Мицкоски, ВЛЕН е против предвремени избори

November 5, 2024
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ и ДУИ ја прифаќаат „фрлената ракавица“ на Мицкоски, ВЛЕН е против предвремени избори

November 5, 2024 10:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Опозициската СДСМ вчера порача дека е подготвена да оди на предвремени парламентарни избори, а предвремени избори посакува и ДУИ заедно со локалните во октомври следната година. Прашањето за предвремени парламентарни избори се отвори на првата собраниска седница посветена на пратенички прашања кога како одговор на лидерот на опозициската СДСМ, премиерот Христијан Мицкоски најави можност за такво нешто. Од коалицијата „Вреди“ која е дел од владината коалиција, пак, сметаат дека предвремени избори би биле трошок за државата и губење време, бидејќи Владата има стабилно мнозинство, а избори, според нив, ќе има на време, штом им заврши мандатот.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вчера на прес-конференција изјави дека се подготвени да одат на избори и оти во секој следен циклус на избори ќе настапуваат многу организирано и поуспешно.

Според Филипче, тоа што има најава за предвремени парламентарни избори само неколку месеци по формирањето на Владата, е доказ дека на Владата не и оди најдобро.

– Нашата теренска анкета укажува дека 65 проценти од граѓаните не се задоволни од работата на Владата. Тоа значи дека двајца од тројца граѓани не се задоволни од економските политики, од падот на животниот, од нашиот европски пат. Исто така, тоа е и порака дека Влен и ЗНАМ очигледно имаат маргинализирана улога и практично преполовена поддршка, рече Филипче.

Законот за бранители ги задоволува потребите на граѓаните, оние кои изгубиле член на семејство, кои имаат инвалидитет, рече на денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипч

Конгресот на СДСМ е закажан за втората половина на овој месец, а на него треба да се избере новиот централен одбор, од кој ќе произлезе новиот извршен одбор и идното партиско раководство.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој е дел од коалицијата Вреди, вчера во изјава за медиумите дека нема логика да се организираат предвремени парламентарни избори кога има стабилна Влада, мнозинство од 78 пратеници, кое, како што вели, наскоро ќе надмине и 80 пратеници.

– Од 90-тите досега немало постабилна влада и немало поголемо мнозинство од ова – 78 и тоа расте и сигурно за кратко време ќе надмине и 80 што е две третини од Собрание. Тоа е доволен коментар. За државата и за граѓаните кога имаш мнозинство од 80 пратеници непотребно е да се размислува за предвремени избори, бидејќи тоа е само трошок за државата и губење време, рече Меџити во одговор на новинарско прашање при посетата на депонијата Дрисла во Скопје.

Се додека граѓаните во државата, без разлика од која етничка припадност се, сакаат да се занимаваат со наука, истражување, не треба да се плашиме. Одиме кон прогрес, одиме кон еволуција, изја

Според него, организирањето предвремени избори не е добро, бидејќи најмалку шест месеци пред и после изборите запираат сите јавни набавки, вработувањата и изборните циклуси влијаат на економијата и на бизнисот.

На сличен став е и министерот за европски прашања Орхан Миуртезани, кој не гледа причина за нови предвремени избори заедно со локалните при стабилна влада.Според него, тоа се несериозни изјави од страна на ДУИ за дневна политика.

– Не гледаме никаква причина за избори имајќи предвид дека Владата има скоро двотретинско мнозинство. Прво, нема ниту еден потрес Владата, ниту една криза за да идните локални избори се одржат заедно со парламентарните, рече Муртезани за телевизија Телма.

Од Движењето ЗНАМ, кое исто така е дел од владината коалиција велат дека доколку мнозинството одлучи дека треба да има избори, тогаш тие се подготвени.

– Во политиката, доколку се случат предвремени парламентарни избори, заедно со локалните избори, повеќе од сигурен сум дека и ова што во моментот го имаат од СДСМ, како  број на пратеници во Парламентот, ќе се намали драстично, што е добро за државата, бидејќи тоа е една пратеничка група која што всушност цело време со своите кандидатури бркаше самоамнестија и спас за самите себе си, не водејќи сметка за партијата, изјави претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски за телевизија Алфа.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во петокот од Боговиње ја прифати идејата за предвремени парламентарни избори, а вчера од Куманово најави дека доколку загуби на изборите ќе се повлече од политиката.

Ова изјава на Ахмети доаѓа неколку дена откако коалицијата „Влен“ му порача дека ако тој навистина сака предвремени парламентарни избори, да депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби, ќе си замине од политиката.

И од Алијанса на Албанците на Зијадин Села излегоа со став дека на земјата и се потребни предвремени избори.

– Со жалење ги следиме позициите на нелегитимната коалиција ВЛЕН кои се плашат од изборите дури и додека се дел од Владата и за апсурд се единствената политичка групација на која ситуацијата им изгледа нормална, додека сите други субјекти ја искажат потребата за предвремена избори заедно со локални избори, велат од Алијанса за Албанците.

Последните парламентарни избори се одржаа во мај по што новата Влада ја формираа ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Вреди и Движењето ЗНАМ, а СДСМ и ДУИ заминаа во опозиција.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ