Речиси сите држави ги затворија своите избирачки места сега, вклучително и државите на западниот брег. Од 23:00 EST (04:00 GMT), гласачките места се отворени само на Хаваи и Алјаска.
Повеќе од половина од државите се веќе одлучени. Резултатите досега се во согласност со она што се очекуваше: Трамп се задржа на традиционално републиканските држави, додека Харис ги подигна демократските упоришта.
Ниту една од државите на бојното поле досега не е потврдена.
Меѓу државите во кои гласањето заврши е Калифорнија, традиционално упориште на демократите, кое очекувано и даде на Камала Харис голем број од 54 дополнителни гласови од изборниот колеџ.
Според интерактивната мапа на избоите на Си-ен-ен, од досегашните преброени гласови, републиканскиот кандидат Доналд Трамп води со 211 електорски гласови, пред кандидатката на демократите, Камала Харис, која има освоено 145 електорски гласови. За победа на било кој од кандидатите му се потребни 270 електорски гласови.
Имаме и уште неколку интересни трки во Домот и Сенатот за гледање. Во Монтана, демократскиот сенатор Џон Тестер се бори за четврти мандат против републиканскиот противкандидат Тим Шихи.
Во Калифорнија, претставникот Џон Дуарте се бори за реизбор. Неговото место се смета за едно од најранливите за републиканците во Претставничкиот дом, кои на изборите одат со тесно мнозинство од два места во долниот дом на Конгресот.
Драган Мишев