• Latest

Пратеничката Даути повторно не дозволи законот за бранители да биде ставен на дневен ред на Комисијата за социјална политика

November 19, 2024

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

May 15, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
Изет Меџити, вицепремиер (Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Меџити: Арбен Фетаи и јас ги браневме етничките прашања во владата, Таравари не се пожали

May 15, 2025
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пратеничката Даути повторно не дозволи законот за бранители да биде ставен на дневен ред на Комисијата за социјална политика

November 19, 2024 14:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието повторно не се одржа седницата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади откако претседателката Илире Даути, повикувајќи се на член од Деловникот, одби да го стави на гласање предлогот на Јованка Тренчевска од СДСМ како прва точка на дневен ред да бидат измените на законот за бранители.

Даути, која е пратеничка од АА дел од Европскиот фронт, повикувајќи се на член 176 од Деловникот на Собранието повтори дека времето за ставање на дневен ред на Комисијата на овој закон, кој ја мина потребата за донесување на пленарна седница, е поминато.

-Нема ниту еден член во Деловникот којшто мене ме обврзува една ваква точка да додадам во дневниот ред, рече Даути.

Пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска ја обвини Даути дека неколку пати злоупотребувајќи ја својата позиција влегува и во расправа за суштината на законот и со тоа повторно прави прекршување и на Деловникот и на Уставот ставајќи ги сите пратеници на Комисијата во нерамноправна положба.

-Околу процедурата кога ги цитирате членовите според кои кажувате дека рокот поминал, има еден член од Деловникот кој кажува дека кога еден пратеник ќе достави предлог за дополнување на дневниот ред без расправа, согласно членот 83 од Деловникот вие сте должна да го ставите тоа на изјаснување односно на гласање, рече Петровска.

Пратеничката на СДСМ истакна дека овој закон не е ништо од она што тие се обидуваат да го претстават за кревање на тензии итн. – Ова не е нов закон. Само доуредува право кое Собранието на оваа држава во еден друг собраниски состав во 2002 година го донела овој закон. За какви се тоа нови прашања вие обвинувате дека ние отвораме и сакаме да создаваме некоја тензија. Замолувам пред да се даваат изјави за тензии и незадоволства, внимателно да се прочитаат правните акти кои се во сила. Овие права кои само се доуредуваат со предлог законот се веќе во сила, но не се доуредени за еден дел од семејствата на припадниците на безбедносните сили. Следствено на тоа и во самиот закон кој е веќе во сила таа категорија на граѓани за кои вие се залагате да се решат во овој закон, во суштина се означени како посебна категорија односно како некои кои се бореле против државата, рече Петровска.

-Ваков закон во форма како што вие сте предложиле, запишете некаде за да запамтите, преку мене нема да помине. Дали разбирате? Не поминува, рече Даути, додавајќи дека ако еднаш е направен пропуст во законот што претходно е донесен не значи дека треба да се продолжи и со други пропусти.

Според неа, законот треба да се повлече и во него да се стават и припадниците на ОНА.

-Ве молам да имаме почит за тие луже кои паднале, да не му ги задираме коските таму каде што паднале, рече таа барајќи еднаков третман за сите. Колку и да инсистирате, додаде таа, јас ќе го повторам истиот став. Обвини дека ова се прави за да се задира во емоциите на луѓето од надвор.

Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ побара од Даути да го стави предлогот на гласање и да престане со зборување, на што таа и врати дека правилата на Комисијата ги кажуваа таа. Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ и се обрати на Даути забележувајќи и за нејзиниот однос кон другите пратеници.

Седницата беше прекината и не се знае кога таа повторно ќе биде свикана.

На предложениот дневен ред на оваа Комисија беше предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, во прво читање.

Извор МИА

ФОТО: Принтскрин

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ