• Latest

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025

24 ЧАСА: Родителите на жртвите од Кочани бараат објаснување од ОЈО; Тошковски тврди дека е намалена е стапката на криминал; Војната меѓу Израел и Иран – можност за Русија да продолжи со агресијата против Украина

June 16, 2025
Фото: Фејсбук

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали верувате дека стапката на криминалот е намалена?

June 16, 2025
Протест пред Уставниот суд на Србија, Белград, 11 јули 2024 (фото извор: скриншот од видео снимка на Алџезира Балкан)

Студентите ќе поднесат кривична пријава против Вучиќ

June 16, 2025

По 618 дена војна во Палестина, пратеникот Реџепи од Европскиот фронт поднесе Предлог-резолуција за хуманитарната криза во Појасот Газа до Собранието

June 16, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Трамп, Нетанјаху и Хамнеи – тројцата лути старци кои би можеле да нè убијат сите

June 16, 2025
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Над 3.200 невработени лица се пријавиле за мерката самовработување

June 16, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Војната помеѓу Израел и Иран може да ѝ даде економски поттик на Русија за да ја продолжи агресијата врз Украина

June 16, 2025

РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид доби целосно реновиран и модерен објект со поддршка од Европската Унија

June 16, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Тирана домаќин на ПСЈИЕ; Косово без нов парламент и по 32 обиди; Судот во Хаг повторно му го продолжи притворот на Тачи

June 16, 2025

БДС поднесе жалба на отфрлената кривична пријава во ОЈО против Стоилковиќ за изјавата дека геноцидот во Сребреница е „некрофилски дизниленд“

June 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025 11:51
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Редакцијата на ЦивилМедиа вчера го постави редовното прашање на денот, овој пат за благодарниците на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Повод за ова прашање е доделувањето благодарници на полицијата, и на министерот во време кога општеството се соочува со исклучително нарушена безбедност, убиства по улиците, во време кога се случи катастрофалниот пожар во Кочани со над 60 изгубени животи, вооружени пресметки на криминалци, нерешени убиства… Им нема крај!

 

Прашањето „Што мислите за БЛАГОДАРНИЦИТЕ на Тошковски“ доби интересни одговори, имајќи предвид дека јавноста секојдневно бара одговорност од соодветните институции кога се работи за безбедноста, и во прв ред, кога се работи за редот и мирот низ целата земја, кој ред е длабоко нарушен.

Од одговорите на граѓаните сепак може да се заклучи дека се загрижени и свесни за безбедносниот хаос во кој живееме сите.

Еден од одговорите гласи – „Бруки, а зошто му дал благодарница и Мицко не знае ,за секојдневните убиства, педофилија, за случката во Кочани, секој ден сообраќајки…“

„Катастрофа“, велат граѓаните. Други велат „Благодарниците се нарачани“, еден во еден од одговорите се посочува дека благодарниците се за да не си даде оставка министерот.

Имено, На 7 мај, во Центарот за обука на МВР во Идризово се одржа централната манифестација по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, на која присуствуваа претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев, раководството на министерството, министри и членови на дипломатскиот кор.

По воведните обраќања, од страна на раководството на МВР беа доделени плакети и благодарници на најдобрите полициски службеници од различни полициски организациони единици за промоција на професионализмот и реализирани оперативни активности, институции и дипломатски претставништва во државата, а премиерот Христијан Мицкоски му додели благодарница на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и порача дека „нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност“.

И сето ова, кога во само две недели се случија  две убиства со пиштол во Скопје и Штип, едно убиство со нож во Шуто Оризари и едно убиство со секира во кичевско Србјани. Едно „убиство во обид“ со метален капак од шахта во Скопје.

Да не заборавиме и на нерешените случаи на убиства, речиси секојдневните сообраќајни несреќи ( и покрај тврдењата на МВР дека несовесните возачи се казнуваат)… Безбедноста на граѓаните би требало да е на приоритетната листа на властите, а благодарниците – кога граѓаните ќе почувствуваат дека се безбедни, ќе ги достават самите до одговорните, впрочем,  чесната  работа во служба на граѓаните сама по себе би требало да биде благодарност.

Редакцијата на ЦивилМедиа, ги охрабрува граѓанките и граѓаните да дадат свои одговори, пораки и сугестии на прашањата на денот, и е простор во кој секогаш можат да се обратат со свои прашања, коментари, споделување искуства, критики или пофалби.

Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.

Д. Т. 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    499 shares
    Share 200 Tweet 125
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    223 shares
    Share 89 Tweet 56
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ