• Latest

Како „милошевиќевизмот“ ја премина границата и стана „груевизам“…

February 18, 2017

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Како „милошевиќевизмот“ ја премина границата и стана „груевизам“…

February 18, 2017 14:10
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Сé почна со турбо-фолкот, па следеше малоумен напад врз американската амбасада, предводен од Павловиќ. Потоа, дојдоа  „Звезде Гранда“, „Све за љубав“, „Жикина шареница“, „Велики Брат“, „Парови“, „Фарма“ и цел низ на целосно надреални „риалити“ блуеници, а паралелно со нив, преку границата ни претрчаа – и „братството православно“ и „русољубството“ (во највулгарна форма и во најнегативна конотација, оти не ни стаса љубовта кон Достоевски, Маљевич, Хармс, Мајаковски…, туку некакво иконобожтво кон Путин: само ќе ве потсетам на оној срам кога свештеник се обидува да му ја баци раката на Путин, а тој одбива, целосно згрозен од тој чин – таа слика го илустрира сето она за што би требал да употребам цела дузина реченици)…

Пишува: Југослав Петровски

До каде стасавме? Ова последното – со Русите и со православието, северната граница ја помина, да кажеме, полулегално, но со сето тоа, по илегални премини, границата ја поминаа и омразата кон секој сосед, квазиисторизацијата, докажувањето на древност, библиското „сведоштво“ за земјата и за избраност од Бога на народот, и со тоа, по дифолт, ставањето себеси над сé друго што како човечко суштество постои на светов, а особено, во наша близина …

Значи, илегално ни пристигна некое чудно православие и некој чуден патриотизам – со кои се докажува дека не си патриот и верник ако го љубиш своето, а имаш отворено и широко срце и целосно разбирање, дури и препознавање на мноштво од сличности и совпаѓања со оние кои се поинакви од тебе, по вера, нација, политички став, полова определба. Не! Туку, сосема спротивно: дека, колку повеќе ја мразиш туѓата вера, толку поголем верник си, и колку повеќе ги мразиш другите народи, толку си поголем „патриот“!

Почнаа секојдневно да ни пејат Лукас и Цеца, а Павловиќ, Миленко, „Бурекот“, Пандов и слични, низ песна, на овој народ, при „медиумскиот јуриш“, му бутаа во ушите, очите, устата – турбофолк микс на фашизам и милошевиќевизам што резултираше со груевизам!

Само чепнете малку низ лепешките кои ги испорачуваат овие „мегафони“ и сé ке ви стане јасно. Од Јохан се обидуваат да направат „македонски Аркан“, тоа што го зборуваа Шешељ и Караџиќ и сличните, тие го преџвакуваат и го кажуваат како нивна мудра мисла и го именуваат како „љубов кон Македонија“, како изворно наш, македонски, национализам… Дража стана Ќосето, српските три прста станаа „вегета поздрав“, а хајките и омаловажувања на сите идоли и носители на слободарската и слободоумна мисла од целиот свет, од минатото и сегашноста, се преземаа и се пренесуваа во оригинал… Кога „рускиот воз на Вучиќ“ не успеа да ја премине косовската граница, лесно помина преку нашата граница, и стана обид да се изгради „крст на меѓуетничка нетолерација“, се претвори во омраза кон јазикот што го говорат околу 25% рамноправни граѓани на Република Македонија…

Всушност, тој синдром да го мразиш првиот сосед, својот сограѓанин, да ги мразиш и дискриминираш Албанците, но и Турците, Ромите, Бошњаците…, ја имаше поминато границата на илегален начин, уште многу порано. Но, тогаш беше во форма на „газиместанските говори на Милошевиќ“, и на чудните сообраќајни знаци кои веројатно требаше да значат „Стоп џамија!“ (дури се организираше и некаков протест со такви „знаци“, чинам во Крива Паланка…). Но, за тоа, најмалку се виновни нашите „паланки“, оти паланките сами под себе, се лесно подложни на „предозирање“ со такви опасни дози на лесно запалив национализам и шовинизам, кои секојдневно им се вбризгуваат на паланчаните преку нивните единствени „прозорци кон светот“, од кои, до бесконечност ги слушаат проповеди, заплашувања и препораки…

Секако, никако не смееме да го прескокнеме и постојано мора да се потсетуваме, на најмонструозниот план за разгорување на нова војна на етничка основа, шизофрената идеја за која можам да кажам дека е авхтотона појава, за која не можам да најдам сличен пример, ни при историско, ни при географско пребарување по мојата меморија: „Диво Насеље“!

Обид со народни пари, и тоа со дебел сноп на такви пари, да купат војна, и им ја подметнат на сопствените граѓани, на граѓани чии пари ги украле за да платат за таа војна. На оние на кои треба да им бидат сервис, службеници, претставници…, оти им дале доверба (поточно, ја изнудиле или украле наводната доверба) да раководат со институциите на системот, им ги уништуват истите тие институции, им ги разнесуваат столбовите на демократијата во Македонија… И, на крајот, кога беа фатени во сите тие злосторства, купуваа војна, за да се создаде хаос во кој би можеле полесно да избегаат таму каде веќе ги имаат префлено милијардите украдени од државата, А, во исто време, Павловиќ и сличните „добошари на царот“, се обидуваат од нив да направат национална икона, херој – „секогаш на браникот на татковината!“

Па, пријатели и непријатели мои, ако сте барем малку искрени, ќе признаете дека ваква исчашеност, вакво лудило, немало никаде, и убеден сум дека времето ќе го смести овој настан, на најцрните страници од македонската историја….

И, еве, стигнавме при крајот, се репризираат стари серии (а и „сценарија“) од периодот на Милошевиќ, а на задната врата, влегува цело стампедо на омраза, закрвавена, забревтана, „од петни жили“ – омраза кон оној кој е твој, по крв, по род, и по многу други нешта… Ама, сето тоа не е битно, кога не е ист по општествена, граѓанска, филозофска или било каква друга мисла. Мисла и избор, кои се поинакви од нивниот избор… Е, тоа е тој што треба најмногу да го мразат, токму затоа што им е сонародник, токму затоа што седеле на иста маса и делеле леб… Тоа било некогаш, а сега, тој е нивниот најголем непријател, оти тој сака Македонија да стане нормална, граѓанска држава, дом за секого кој среќата си ја гледа тука. Оти, тој сака да станеме дел од Европа, да станеме конечно нормални, цивилизирани, толерантни, со воспоставена вредносна вертикала на квалитет, со изградени независни институции на системот, да станеме држава во која максимално ќе се почитуваат граѓанските права и слободи, и конечно, со државата да раководи граѓанинот, да раководи народот. А министрите, премиерите, претседателите…, ќе бидат службеници, кои додека се на власт, ќе се потрудат што посовесно да ги менаџираат народните пари и ќе се потрудат, конечно, на овој народ да му понудат благосостојба и спокој…

Е, токму таквите се нели, предавниците и најголемите непријатели на Македонија(!?) и својата омраза сега ќе ја свртите кон нив, оти, оти… Оти, ако е поинаку – #ШуткаНеТиБегаНикола, ни на тебе, ни на целото твое злосторничко здружение.

Tags: #ШуткаНеТиБегаНикола.груевизамДиво НасељеЗвезде ГрандамилошевиќевизамомразапаланкаПутинСтоп џамија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ