• Latest
Фото: Amnesty International/ SviĆe/Dragan Gmizic

Амнести интернешенел: Српската Влада незаконски шпионира активисти, НВО и новинари

December 16, 2024

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
Ленче Ристоска. Фото: МЕТА.МК

Ленче Ристоска побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ за притисокот и заплашувањето бидејќи како обвинителка, постапува по два предмети во кои е инволвирана партијата

October 16, 2025

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Амнести интернешенел: Српската Влада незаконски шпионира активисти, НВО и новинари

December 16, 2024 09:28
in ВЕСТИ, РЕГИОН, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Amnesty International/ SviĆe/Dragan Gmizic

Фото: Amnesty International/ SviĆe/Dragan Gmizic

Share on FacebookShare on Twitter

Светската организација за човекови права Амнести интернешенел објави извештај со наслов „Дигитален затвор: Надзор и репресија на граѓанското општество во Србија“ кој открива како властите во Србија, преку Безбедносно информативната агенција (БИА) и полицијата, незаконски шпионирале мобилни телефони на активисти кои организирале протести, членови на невладини организации и независни новинари, пренесоа српските медиуми.

Како што пренесува МИА, извештајот е доставен до Владата на Србија пред објавувањето, но, како што се наведува во извештајот, оттаму нема никаков коментар.

Наодите ја откриваат распространетата и рутинска употреба на инвазивен шпионски софтвер, вклучувајќи го и шпионскиот софтвер Pegasus на NSO Group, заедно со новиот домашен шпионски систем за уреди со Android, NoviSpy, кој првпат беше откриен во овој извештај. Тие, исто така, ја забележуваат широката злоупотреба на мобилната форензичка алатка UFED на Cellebrite против еколошки активисти и водачи на протести во Србија.

БИА и српската полиција, наводно, користеле NoviSpy и мобилни форензички алатки од Cellebrite за да таргетираат независни активисти од тинк-тенк организации, мирни демонстранти и независни новинари.

„Властите во Србија ги користат тие алатки систематски против мирните демонстранти кои веќе премногу често се предмет на неоправдана криминализација поради нивниот активизам. Оваа незаконска практика на дигитален надзор и собирање податоци насочена против граѓанското општество го прекршува човековото право на приватност и заштитата на личните податоци и длабоко влијае на другите права и слободи, вклучително и правата на слобода на изразување, здружување и мирно собирање“.

Наодите во извештајот се засноваат на длабински интервјуа спроведени со 13 лица кои биле директно цел на шпионски софтвер или производи за извлекување податоци од мобилни телефони, како и со 28 претставници на граѓанското општество од цела Србија. Се додава дека „нивните сведоштва се поткрепени со детална форензичка анализа на мобилните уреди на околу дваесет активисти и новинари, спроведена од Безбедносната лабораторија на Амнести интернешенел“.

Извештајот дава, како што велат, детален преглед на историјата на употреба или набавка на високо инвазивен шпионски софтвер од страна на српските власти во последната деценија, вклучувајќи системи од компании како Finfisher, NSO Group и Intellexa.

Вметнувањето настанало додека телефоните биле привремено одземени од нивните сопственици и наводно ставени во шкафчиња во полициски станици. Техничките докази сугерираат дека десетици, ако не и стотици, уникатни уреди биле мета на шпионскиот софтвер NoviSpy во текот на изминатите неколку години.

Дадени се конкретни примери и стручни мислења. Истрагата покажува дека шпионскиот софтвер NoviSpy бил тајно инсталиран на мобилните уреди на тројца активисти и еден независен новинар за време на информативни интервјуа со српската полиција или БИА. „Интересно е што еден од овие примероци на шпионски софтвер беше конфигуриран за директно поврзување со IP-адреса поврзана со Агенцијата за безбедност и информации на Србија. Истрагата, исто така, покажа дека податоците за конфигурација вградени во примерокот за шпионски софтвер довеле до вработен во БИА, кој претходно бил вклучен во напорите на Србија да набави шпионски софтвер Андроид од сега веќе непостоечката компшанија Hacking Team.

Во поглавјето насловено „Несоодветна правна и контролна рамка за дигитален надзор во Србија“, тој опишува со какви други проблеми се соочуваат невладините организации, активистите и независните новинари. Во извештајот се заклучува: „Србија мора веднаш да се обврзе да стави крај на употребата на високо инвазивен шпионски софтвер и да спроведе итна, независна и непристрасна истрага за сите документирани и пријавени случаи на незаконски дигитален надзор“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ