Советот за општи работи на Европската унија го одобри писмото со кое ја поканува Србија да ја достави својата преговарачка позиција за отворање на кластерот 3 во пристапните преговори, објави во вторникот унгарското претседателство, пренесе Независен.
Советот за општи работи на Европската унија го одобри писмото со кое ја поканува Србија да ја достави својата преговарачка позиција за отворање на кластерот 3 во пристапните преговори, објави во вторникот унгарското претседателство.
Амбасадорите на членките на Европската унија на 16 декември се согласија да испратат писмо до Србија, како компромисен договор за Србија, бидејќи немаше договор за отворање кластер.
Од друга страна, српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград изјави дека ЕУ ќе го отвори Кластерот 3 за Србија во преговорите „најверојатно на крајот на јануари или во првите денови на февруари“.