• Latest
ПОТТИК Андонов дели дека Мицковски се води од девизата „државата ја даваме, еден од нас не даваме“ и ни помага да ги разбереме неговите чекори

Оливер Андонов: Бојан Христовски сам си пишал документ дека е подобен за коресподенција со НАТО

January 3, 2025

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Оливер Андонов: Бојан Христовски сам си пишал документ дека е подобен за коресподенција со НАТО

Во својата новогодишна објава, овој поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ објаснува како ненадејно Христовски со сиот оној габарит на чудни „препораки“ од документи станал погоден за кореспонденција со НАТО структурите

January 3, 2025 16:16
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
ПОТТИК Андонов дели дека Мицковски се води од девизата „државата ја даваме, еден од нас не даваме“ и ни помага да ги разбереме неговите чекори

ПОТТИК Андонов дели дека Мицковски се води од девизата „државата ја даваме, еден од нас не даваме“ и ни помага да ги разбереме неговите чекори

Share on FacebookShare on Twitter

„Бојанчо сам за себе го потпишал документот од АНБ до ДБКИ во кои се тврди дека е безбедносно подобен, МАНИПУЛАЦИЈА е дека Бојан Христовски добил НАТО сертификат за безбедност!“ – вака пишува во својата објава на социјалните мрежи Оливер Андонов поттикнат од веста која ја објавија некои извори што требаа да бидат крај нан звртениот круг на подобност за овој миленик на премиерот Мицковски, кој не само што му ја доверува АНБ, туку сака со неа да обедини три посебни институции од тој ареал!

– Почитувани пријатели, реков дека нема да пишувам колумни во текот на Новогодишните и Божиќните празници, но некои постапки неодложно бараат мој јавен и пред се јасен и чесен коментар достапен до јавноста. Да не биде дека не сум кажал, или да кажете дека не знаевте, еве да бидете информирани – се огласи Анедонов.

Како што најавив во мојата последна неделна колумна (објавен пред Нова година – н.з.) очекував дека Мицкоски глупостите на Христовски и воопшто неговото именување за директор на АНБ и сите контроверзи околу неговиот ТОЕФЛ сертификат и универзитетската диплома ќе се обиде да ги забошоти во јавноста преку манипулација со наводно меѓународен авторитет.

И еве, денес кога премиерот Мицкоски веќе зборуваше дека не се јавен интерес фалсификатите на Христовски, веднаш на некои портали излезе информацијата дека се’ околу сертификатот и дипломата на Христовски било во ред и тоа го потврдил НАТО. Во пренесена смисла, која треба читателот на порталските информатори да ги разбере како од НАТО лично да му доставиле безбедносен сертификат на Бојанчо. Манипулација за дополнителна збунка на граѓаните и простор за партиските ботови и клиентелисти на социјалните мрежи да ја искажат лојалноста кон Мицкоски преку сопствената глупост. И така со помош на НАТО се околу Христовски било во ред – објаснува Андонов.

А како било во ред? Па така што Христовски добил безбедносен сертификат од НАТО (можел да чита, веројатно мислат ако знае англиски јазик да чита документи од НАТО) – додава овој екс-функционер.

Па каде да најдеме подобра меѓународна и тоа безбедносна организација за МАНИПУЛАЦИЈА со македонските граѓани од тоа што е НАТО? На кој поголем авторитет може Мицкоски да се повика туку ли на НАТО? Онаа НАТО кое преку Берлин плус договорот соработува со омразената ни нели ЕУ и во кое членуваат и ни се сојузници Грција и Бугарија кои не мразат нели.

Какво лудило и шозофренија се наметнува врз сопствените граѓани и тоа по УРНЕКОТ на Вучиќ – заклучува Андонови продолжува:

„Во оваа пропагандна будалаштина на Мицкоски може да веруваат само неграмотни и лекомислени луѓе во Македонија кои не си поставуваат логични прашања во врска со ова и секако партиските клиентелисти, полтрони и ботови. А ние како Внатрепартиска фракција предупредивме за оваа манипулација.

За што всушност се работи?

Бојан Христовски беше именуван за директор на АНБ без да има безбедносен сертификат на ниво ’државна тајна’, поради што АНБ официјално мораше да поднесе барање до ДБКИ за издавање на соодветен безбедносен сертификат на лицето Бојан Христовски. Во спротивно лице без соодветен безбедносен сертификат неможе да извршува определена функција (а Бојанчо наш ја извршуваше, и кој тоа го прекрши законот, повторно). Во Македонија безбедносните сертификати на сите нивоа ги издава Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, но истата тоа го прави по поднесено барање од страна на институцијата во која се наоѓа лицето на кое треба да му се издаде безбедносен сертификат. По добивањето на барањето од институцијата (во случајот на Христовски тоа е АНБ чии директор е самиот тој), Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ) доставува барање за безбедносна и криминална проверка до АНБ и МВР. Да, да до АНБ, бидејќи по закон АНБ врши безбедносни проверки за лица македонски државјани, а во овој случај извршила проверки за својот директор. Интересна работа, Бојанчо сам за себе го потпишал документот од АНБ до ДБКИ во кои се тврди дека е безбедносно подобен. По извршените проверки, доколку истите се позитивни, ДБКИ издава соодветен безбедносен сертификат на лицето за кое тој сертификат е баран со ограничено времетраење за институцијата во која работи истото.“ – пишува Андонов.
Со оваа постапка – продолжува тој – како административна, така и безбедносно-полициска, НАТО нема никаква врска. Едноставно, тоа го прават АНБ и МВР. НАТО може да издаде сертификат и да направи безбедносна проверка за лица кои треба да работат во командата на НАТО, а не за директор или лица на национална безбедносна агенција па тоа нека е и АНБ.

Па така, МАНИПУЛАЦИЈА – тврди Андонов – е дека Бојан Христовски добил НАТО сертификат за безбедност, а уште поголема ЛАГА е дека на тој начин од страна на НАТО е потврдена неговата “безгрешност” во однос на “фалсификуваните” сертификат и универзитетска диплома.

Очекувана јавна и безочна МАНИПУЛАЦИЈА и ЛАГА од страна на Мицкоски за заштита на Христовски според мафијашки принцип: “Државата ја даваме, еден од нас не даваме”.

Со овој случај само се потврдува за што се бориме ние како Внатрепартиска фракција бидејќи Мицкоски нашата ВМРО-ДПМНЕ ќе ја уништи само и само да си ги спаси своите клиентелисти и полтрони.

Не знам дали воопшто ќе реагира НАТО на оваа злоупотреба на алијансата за домашна политикантска употреба (впрочем не верувам, едноставно не функционираат така), но гарантирам дека оваа нема да се заборави и нотира од нивна страна.
Бојанчо сепак нема НАТО безбедносен сертификат како избелувач на личните му и колективни глупости (да не кажам основани сомненија за сторени кривични дела). Се работи за една вулгарна и безобразна МАНИПУЛАЦИЈА и злоупотреба на името и авторитетот на НАТО.

Еве, да остане запишано, да не биде дека не сме кажале и предупредиле кога ќе треба да се плати сметката. А таа ќе стигне и тоа побргу отколку што мислиме и тоа за сите нас, посебно за нашата партија ВМРО-ДПМНЕ – заклучува Андонов.

Подготви: Љ. Костовски

Tags: АНББојан ХристовскиНАТО сертификатОливер Андонов
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ