• Latest
Меѓународна конференција Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам - Панел 1: Демократија под опсада (фото: Р. Атанасовски/ЦИВИЛ)

ДЕМОКРАТИЈАТА ПОД ОПСАДА: Медиумите се клучна инфраструктура – барометар за демократските вредности и почитувањето на човековите права

January 16, 2025

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

ДЕМОКРАТИЈАТА ПОД ОПСАДА: Медиумите се клучна инфраструктура – барометар за демократските вредности и почитувањето на човековите права

January 16, 2025 14:07
in ДЕМОКРАТИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Меѓународна конференција Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам - Панел 1: Демократија под опсада (фото: Р. Атанасовски/ЦИВИЛ)

Меѓународна конференција Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам - Панел 1: Демократија под опсада (фото: Р. Атанасовски/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ДЕМОКРАТИЈАТА ПОД ОПСАДА е наслов на првата панел дискусија на големата меѓународна конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ што се одржа на 12 декември 2024, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија) и МЕДИА ДИЈАЛОГ / Y4M (Северна Рајна-Вестфалија, Германија), во партнерство и со Нов европски граѓански форум со седиште во Брисел, а со поддршка од Владата на Северна Рајна-Вестфалија.

На почетокот на конференцијата воведни обраќања имаа Натаниел Лимински, Министер за федерални, европски и меѓународни работи и медиуми на Северна Рајна-Вестфалија, Н. E. Петра Дреклер, Амбасадорка на Сојузна Република Германија и  Н. Е. Вилма Дамбраускиен, Амбасадорка на Литванија.

Во панел дискусијата што ја водеше претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, учествуваа Кристијана Ајлдерс, професорка при Универзитет Хајнрих Хајне, Дизелдорф, Германија, Сашо Орданоски, новинар, Северна Македонија, Волфганг Ресман, Претседател на Медиа дијалог/Y4M, Германија и Хедер Роберсон Гастон, експертка за човекови права, САД, кои зборуваа како војните и конфликтите ги поткопуваат демократските институции и човековите права, влеваат страв и шират дезинформации и националистичка пропаганда преку медиумите.

Натаниел Лимински, премиер на Северна Рајна-Вестфалија, Германија: Никогаш до сега не било толку итно како денес да работиме на темите демократија, медиуми и човекови права

Премиерот Лимински истакна дека никогаш до сега не било толку итно како денес да поработиме на темите демократија, медиуми и човекови права.

„Со оглед на состојбата во светот и со осврт на нашето опкружување, се подразбира дека оваа конференција се одржува токму на време. Никогаш до сега не било толку итно како денес да работиме на темите демократија, медиуми и човекови права. Би сакал да ви се заблагодарам што успеавте денес да организирате присуство на голем број експерти во Скопје и виртуелно присуство. Ќе ги следам резултатите и заклучоците што ќе ги донесете. Ви посакувам на сите успешна размена на информации и многу успех во следните неколку часа, особено во спроведувањето на стекнатите сознанија“, истакна Лимински.

Н. Е. Петра Дрекслер, амбасадорка на Германија: Одбраната на демократијата и човековите права не е само обврска, тоа е предуслов за остварување на нашите заеднички интереси

Амбасадорката Дрекслер во своето обраќање изјави дека бранењето на демократијата и човековите права е клучен принцип и морална и правна обврска не само на ЕУ туку и на другите земји, додека слободата на печатот е услов и барометар за почитта на човековите права и е столб на демократијата.

„Одбраната на демократијата и човековите права не е само обврска, тоа е предуслов за остварување на нашите заеднички интереси. Оваа конференција дава можност преку отворена дебата да се идентификуваат можните заеднички акции. Дебата меѓу истомисленици учесници кои не мора да се согласуваат во сите нивни мислења и анализи, но кои се обединети преку заедничко убедување и заеднички интерес: одбрана на човековите права и правење на нашите демократии посилни“, истакна германската амбасадорка.

Н.Е. Вилма Дамбраускиене, амбасадорка на Литванија: Наша заедничка цел е зајакнување на демократијата, промовирање на владеењето на правото и градење отпорност против надворешно мешање

Амбасадорката Дамбраускиене во воведното обраќање предупреди на автократиите кои имаат цел да го пре-обликуваат меѓународниот поредок заснован на правила, но и преку формирање автократски коалиции со заеднички интереси за поткопување на демократските системи и вредности.

„Посветеноста на Северна Македонија за европска интеграција се усогласува со нашата заедничка цел за зајакнување на демократијата, промовирање на владеењето на правото и градење отпорност против надворешно мешање. Обединети, со зајакнување на соработката, здружувањето ресурси и проактивно зачувување на нашиот суверенитет и демократија, можеме ефективно да се спротивставиме на авторитарните влијанија“, посочи меѓу другото амбасадорката на Литванија.

ДЕМОКРАТИЈАТА ПОД ОПСАДА: Како војната и конфликтите ги поткопуваат демократските институции и човековите права

На панел дискусијата говорниците зборуваа како војната и конфликтите ги поткопуваат демократските институции и човековите права, влеваат страв и шират дезинформации и националистичка пропаганда преку медиумите.

Сашо Орданоски: Интернетот е зајачка дупка, алгоритмите всушност се занимаваат со кликови, не со важноста, не со кадрирањето, не со аголот, не со чување на портата

Д-р Сашо Орданоски во своето обраќање се осврна на тоа дека демократијата е во криза и не можат поединци да ја одбранат, а голема улога имаат медиумите.

„Новинарството не е наука, тоа е збир на вештини, така што да се стане добар уредник, всушност е разбирање на овие работи, бидејќи тие се прашање на вештини. Во последните десет години имаме голема борба меѓу уредници, новинари, медиуми и така натаму, наспроти алгоритмите. Бидејќи алгоритмите немаат ваков процес на уредување со вештини, деловниот модел на алгоритамот е различен. Интернетот требаше да биде пазар на идеи, а започна пред дваесетина години. Денес, интернетот е зајачка дупка. Затоа што алгоритмите всушност се занимаваат со кликови, не со важноста, не со кадрирањето, не со аголот, не со чување на портата“, истакна Орданоски.

Кристијане Ајлдерс: Медиумите претходно беа инфраструктура за демократија, денес се осомничени субјекти за продлабочување на конфликтите

Универзитетската професорка, д-р Кристијане Ајлдерс, од универзитетот Хајнрих Хајне во Дизелдорф, Германија, во своето обраќање се фокусираше на улогата на медиумите во поларизацијата.

„Она што сакам да го истакнам, е дека медиумите беа оние кои што се осомничени субјекти за продлабочување на конфликтите и некои што ги влошуваат состојбите  во општеството, а тоа е алармантно, затоа што на медиумите претходно се гледаше како на инфраструктура за демократијата, бидејќи преку нив се креираше мислењето на народот, а тоа што веќе не е така, веќе е алармантно прашање. “, посочи д-р Ајлдерс.

Хедер Роберсон Гастон: Прашањето за незадоволството и незаинтересираноста за демократијата е навистина токсично

Американската експертка за човекови права, Хедер Роберсон Гастон, која работи при Универзитетот во Вирџинија, САД, има продлабочено и долгогодишно познавање на состојбите и процесите на Балканот.

„Постојат сличности, скоро е исто со САД, има многу силно чувство во Македонија, секако имаме проблем со расизмот поради економската ситуација, тековната војна во Украина, поларизацијата, дезинформациите, изгледа дека се распаѓаат работите , најчесто се случува, иако е глобален феномен, но луѓето имаат чувство дека е локално, не глобално, тешко да се задржи власта во такви услови, луѓето ќе сакаат да ја сменат власта, и во Северна Македонија како и во САД, да се проба друга опција“, рече, меѓу другото, Хедер Роберсон Гастон во своето излагање на првиот панел на Конференцијата.

Волфганг Ресман: За демократијата, процесот на враќање на довербата е најважен

Претседателот на Медиа Диалог, Германија, д-р Волфганг Ресман, на првиот панел „Демократијата под опсада“, меѓу другото, истакна дека демократијата значи дека треба да се соработува и да се развиваат дискусии за сите проблеми. Демократија значи работа без цензура и целосна вклученост на сите.

„Демократијата значи доверба во правдата, политиката, политичарите и изборниот процес, но и што се случува во правосудството. Процесот на враќање на довербата е најважно, значи да се работи на меѓународен план, да се донесат млади луѓе да се спојат со новинари, предавачи, експерти и да се дискутира и да се претстави на јавноста каде се грешките во општеството и демократскиот систем. Денешната покана е да се дискутира во свет без војна. Штом се укинува демократијата се заканува војна. Да се бориме за нашите демократии, за нашите права, но и правата на другите да се надмине порализацијата“, истакна д-р Ресман.

Целта на конференцијата е да фрли светлина на предизвиците против демократијата и човековите права, но и да изработи применливи препораки и основи за стратегии за нивно надминување. Конференцијата беше дел од официјалната програма на Неделата на човековите права – иницијатива на Северна Рајна Вестфалија, и се одржа по повод Меѓународниот ден на човековите права, како и 25-годишнината од основањето на ЦИВИЛ во 1999. Конференцијата е дел од меѓународната иницијатива Одбрана на демократијата што ја започнаа партнерските организации во Скопје.


За повеќе информации за Конференцијата, посетете ја специјалната страница: defendingdemocracy.civilmedia.mk

КОНФЕРЕНЦИЈА, ЦЕЛОСНО ВИДЕО, емитувано во живо на 12 декември, 2024:

 

#DefendingDemocracy ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

Tags: #DefendingDemocracyВилма ДамбраускиенеВолфганг РесманКристијане АјлдерсНатаниел ЛиминскиПетра ДрекслерСашо ОрданоскиХедер Роберсон ГастонЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ