• Latest

Фенси е сѐ друго, освен новинарството!

February 24, 2017

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Фенси е сѐ друго, освен новинарството!

February 24, 2017 18:50
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарството се наоѓа на најниското ниво досега! Недостасува вистински новинарски производ, сработен според сите професионални стандарди, но и еснафска солидарност и поддршка на квалитетот во „фелата“! Во услови на перманентна кампања и на директене ПР од политичките партии, во вид на соопштенија и „пакувани“ информации без можност за новинарско соочување со носителите на власта, недообразувани партиски полит-кокесари се дрзнуваат да ја оценуваат професионалноста на медиумските производи, низ призмата на партиската „правоверност“! Новинарите работат за потпросечни плати и во провладините медиуми!

Ова е само дел од поентите од денешната панел-дискусија на тема:„Меѓу чеканот и наковалната“, што во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода се одржа во хотелот „Парк Резиденс“ во Скопје, како дел од проектот за изборен мониторинг, „НАПРЕД!“ (“Forward!”) поддржан од германското Министерствоа за надворешни работи.

Во дебатата којашто ја модерираше уредникот на ЦИВИЛ Медиа, Синиша Станковиќ, со 18-годишен дописнички стаж во Гласот на Америка на македонски јазик, со новинарите со долгогодишни успешни кариери: Назим Рашиди уредник на дебатната емисија „200“ на  ТВ Алсат, поранешен дописник на албанскиот сервис на ББЦ, Билјана Спасеска Георгиевска од ТВ21, поранешен дописник на македонскиот сервис на ББЦ, со 15-годишно искуство од централата на ББЦ во Лондон, Љубиша Николовски, заменик на главниот уредник во ТВ Нова, со тридецениски стаж во МРТВ и ТВ А1, Гордана Дувњак новинарка со богато искуство од „Нова Македонија“, која од неговото основање, до скоро, беше уредник во „Утрински весник“, и Бранко Геровски, еден од основачите на првиот независен дневен весник „Дневник“, основач и на „Шпиц“ и главен уредник на „Слободен печат“ и порталот „Плусинфо“, се отворија прашањата за медиумското покривање на пред и постизборниот процес, вклучувајќи го и начинот на информирање на денот на избори. Притоа, беа отворени и прашањата за професионалните и егзистенцијалните проблеми со кои се соочуваат новинарите во долготрајната политичка криза.

Назим Рашиди

„Водам дебатна емисија и не можам да кажам дека сум се соочил со притисоци во работата… И начинот на кој се набљудуваа изборите, можеби влијаеше, па новинарите требаше да внимаваат, како ќе известуваат…, имаше многу мониторинзи. Мислам дека мејнстрим медиумите, меѓу кои и ТВ Алсат-М, многу внимаваа известувањето да биде што покоректно… Според моето искуство, немаше притисоци на овие избори како да се работи. Но, не успеавме како новинари да направиме дебати, со толку соговорници, колку што беа потребни за балансирано информирање на јавноста! Затоа, ѝ должиме на публиката. Зашто, ако не е тука една од страните кои се засегнати со проблемот, не успевам доволно да ги претставам нештата и да поставам деликатни прашања, за да не се создава поинаква перцепција, туку да бидам критичен кон сите, страни, партии, како новинар, а публиката да биде сведок на мојата професионалност“, рече Рашиди, осврнувајќи на својата работа за време на последниот изборен процес.

Билјана Спасеска Георгиевска

Билјана Спасеска Георгиевска, уредник на вести во ТВ „21“ смета дека медиумите се под голем притисок од одредени партии и токму кај тие партии не се добредојдени. Така што, и покрај настојувањата, едноставно, при подготовка на информативните содржини, не може да се пласира нивната страна, па информацијата нема да биде балансирана.

„Затоа им должиме едно големо објаснување на граѓаните, зошто не е присутна едната страна. Моето искуство од странство е дека политичарите мора да имаат голема одговорност и отчетност, а тоа овде не можеме да го постигнеме“, истакна Спасеска Георгиевска.

Љубиша Николовски

Уредникот во ТВ Нова, Љубиша Николовски, смета дека е многу тешко да се „извади“ суштината на ставовите на политичките партии, особено во период на изборен процес, кога тоа е многу значајно за публиката,  т.е. електоратот. Сепак, смета дека ад хок телото, и покрај сите слабости, имаше позитивна улога од аспект на враќање на новинарските стандарди во работата.

„Ад хок телото, сепак, успеа да притисне во сите медиуми. Приватните медиуми со или без казни, балансираа во информирањето. Секој позитивен чекор носи напредок. Не знам дали казните се соодветни за сите страни. Факт е дека медиумите, станаа приврзани на одредени политички опции. Не слушнав на една дебата, дека се нашло решение. На крајот, останува само дигнитетот  на поединците, кои се обидуваат да се справат со притисоците со кои се соочуваат“, рече Николовски.

Гордана Дувњак

Новинарката Гордана Дувњак посочи на еден процес што го нарече „лична деконтаминација на граѓаните“, кои одбиваат да гледаат телевизија и да читат весници.

„И целата таа поделеност во општеството се отсликува во медиумите. И кога разговарате за професионалното новинарство, сфаќате дека новинарството е ‘колатерална штета’. Ние сме во ситуација да не може обичниот граѓанин, да утврди што е вистина, зашто им се пласираат две различни вистини во различни медиуми. Новинарите може да ги здружи само социјалниот момент. А, професионалниот дел е индивидуална битка. Притоа, индивидуалецот ризикува да биде обвинет од колегите дека прави проблеми, па да биде заобиколуван…, нема солидарност од колегите. За да не им се налутат, секој чува некој конфорен простор околу себе, којшто рефлектира на целата состојба во која во моментов се наоѓа македонското новинарство“, рече Дувњак.

Бранко Геровски

„Малку по 2006 година, режимот сфати, подобро од режимот пред тоа, дека избори се добиваат со перманентна изборна кампања!… Денес е ‘фенси’, што би рекол оној сатрап, да имате квазидебата… Никогаш немало доволно демократија во Македонија, но со доаѓањето на овој режим, кампањата стана перманентна. Правилата и практиките беа сосема поинакви порано!“, беа дел од поентите во излагањето на уредникот на „Слободен печат“, новинарот Бранко Геровски.

Синиша Станковиќ

Според модераторот, уредникот на ЦИВИЛ Медиа, Станковиќ, новинарството во Македонија е на најниско можно дереџе.

„Трагично е што и на крајот на оваа панел-дискусија, наместо излезни решенија и заклучоци, остануваат низа отворени прашања. Факт е дека мора што погласно да се зборува за сите горливи проблеми, но секако дека нема да најдеме волшебна формула за спас на професијата, додека не се вратиме на професионалноста“, рече Станковиќ.

На крајот на дискусијата во која со прашања до новинарите, се вклучија и присутните, претседателот на ЦИВИЛ-Центар за слобода, Џабир Дерала ја истакна поддршката на ЦИВИЛ- Центар за слобода за вработените новинари во изданијата на МПМ, кои што со штрајк настојуваат да ги остварат своите елементарни работнички права – правото на работа и плата.

Моника Талеска

Фото: Биљана Јордановска

Tags: Билјана Спасеска ГеоргиевскаБранко ГеровскиГордана ДувњакЉубиша НиколовскиМеѓу чеканот и наковалнатаНазим РашидипанелСиниша СтанковиќЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ