• Latest

ДУИ обвинува за историски најмала застапеност на Албанците во АРМ, од МО негираат дискриминација по која било основа

February 7, 2025
Чорнобил, 1986

За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

April 24, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

April 24, 2026
фото: СДСМ

Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

April 24, 2026

Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

April 24, 2026
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

Фашизмот и ние

April 24, 2026

Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

April 23, 2026
Фото: МИА Архива

Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

April 23, 2026
Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

April 22, 2026
Војо Маневски

Лошо скроената облека сами си ја сошивме

April 22, 2026

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Петар Колев

    Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    Од аздисаност до изгубеност

    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПОЛИТИКА

ДУИ обвинува за историски најмала застапеност на Албанците во АРМ, од МО негираат дискриминација по која било основа

February 7, 2025 11:57
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот на ДУИ и поранешен претседател на Собранието, Талат Џафери на вчерашната прес-конференција истакна дека во последните месеци се спроведува дискриминаторска политика при што Албанците се целосно исклучени од клучните позиции, а забележан е и процес на деградирање на искусните офицери.

-Според последните податоци: Од 10 директори во новата систематизација, ниту еден не е Албанец. Од 12 советници во Министерството за одбрана, само 1 е Албанец. Од 29 раководители на сектори во министерството, ниту еден не е Албанец. Од 13 раководители на сектори во Генералштабот на Армијата, ниту еден не е Албанец.

Од 30 команданти на баталјони, само 5 се Албанци. Албанските офицери со високи чинови и професионални квалификации се деградирани или отстранети од клучните позиции. Дополнително, ситуацијата се влоши со: Запирање на унапредувањата на албанските офицери и подофицери, иако ги исполнуваат критериумите. Систематско исклучување на Албанците од програмите за воена едукација во странство. Зголемување на говорот на омраза и националистичката реторика, како што беше случајот со Културно-уметничкото друштво „Бајрам Шабани“ во касарната во Куманово“, посочи Џафери.

Џафери оцени дека застапеноста на Албанците во Армијата е на историски најниско ниво, целосно игнорирајќи го принципот на правична и соодветна застапеност.

-Екстремната политизација достигна врв, со партиски назначувања наместо професионални кадри. Во 9-месечниот мандат на претседателката Сиљановска беа унапредени два генерали – началникот на Генералштабот, Лафчиски, доби еден чин и стана генерал-мајор. Полковник Чиплаковски беше унапреден во бригаден генерал. Во исто време, ниту еден албански офицер не доби генералски чин. Напротив, се промовираат генерали обучени во Белград, што се совпаѓа со последната посета на Додик.

Ситуацијата во Воено-разузнавачката служба е алармантна: ниту директорот, ниту тројцата негови заменици се Албанци. Првпат по многу години, во трите елитни единици (Волци, Ренџери и Воена полиција) нема ниту еден командант или заменик-командант Албанец, за разлика од претходно, кога Албанците имаа достојна застапеност.

Военото воздухопловство е во најлоша состојба од независноста. Застапеноста на Албанците во командите на НАТО е незадоволителна. Модернизацијата на Армијата е запрена. Нема гаранција за испорака на оклопните возила JLTV и Stryker или на противвоздушните системи Mistral. Одбранбената способност и борбената готовност се на најниско ниво. Првпат од независноста, војниците останаа без храна поради неуспех во јавните набавки. Половина од новите војници немаат униформи и носат стари пустински униформи. Условите во касарните се мизерни, а воените возила се застарени и небезбедни, со потекло од 90-тите години.

Албанките во Армијата се дискриминирани и немаат застапеност во раководни позиции, што ги принудува многу од нив да ја напуштат земјата. Последниот случај со назначувањето на началникот на Генералштабот од страна на претседателката, без уставна основа и без соодветна процедура, предизвика нов бран незадоволство кај албанските офицери, од кои некои размислуваат да ја напуштат воената служба, рече тој.

Џафери нагласи дека „ДУИ силно го осудува овој пад на стандардите и побара прекин на систематската дискриминација и враќање на правичната застапеност на Албанците на сите нивоа, деполитизација на Армијата и Министерството за одбрана, со стопирање на партиските назначувања и гарантирање на правата и достоинството на албанските воени лица, вклучувајќи еднакви можности за едукација и унапредување“.

-Актуелната состојба е неприфатлива и спротивна на принципите на еднаквост и евроатлантска интеграција на земјата. Ако оваа ситуација продолжи, последиците ќе бидат сериозни не само за Албанците, туку и за стабилноста и професионалното функционирање на Армијата како државна институција, истакна Џафери.

Министерството за одбрана негира дискриминација по која било основа

Од Министерство за одбрана се огласија во одговор на обвинувањата на ДУИ во пишана реакција, во која велат дека во МО нема нема место за дискриминација по која било основа, партизацијата од претходно ја замениле со почитување на законските процедури.

Пратеникот Талат Џафери, кој како поранешен министер за одбрана, и до пред само седум месеци дел од коалиционата влада, треба да знае како функционира системот на одбраната, се наведува во реакцијата.

Од Министерството за одбрана посочуваат дека на чело со министерот Владо Мисајловски најпрофесионално и најодговорно го почитуваат начелото на соодветна и правична застапеност на сите заедници, кое е врз основа на критериумите на стручност и компетентност и истото се применува при вработувањето, процесот на водење во кариера, стручното оспособување, усовршување и школување на сите вработени во Министерството.

– Како што веќе е запознаена јавноста, Министерството за одбрана во моментов се наоѓа во процес на внатрешна структурна реорганизација, па оттука наодите се произволно интерпретирани и паушално дадени. Пратеникот Џафери свесно шири дезинформации иако многу добро знае дека откако имаше промена на власта во државава кон крајот на јуни 2024 година, ниту еден припадник од албанската етничка заедница не е променет, деградиран или дискриминиран согласно новата систематизација во Министерството, истакнуваат од МО.

За илустрација на фактичката состојба, оттаму посочуваат дека во моментов, функцијата заменик министер во Министерството за одбрана ја извршува припадничка на албанската етничка заедница.

– Припадници од албанската етничка заедница се застапени во сите структури на Министерството и Армијата започнувајќи од највисоките раководни органи односно од работната позиција државен советник, раководител на сектор, помошник раководител на сектор, раководител на одделение и сите останати позиции, како и во сите нивоа на Армијата од професионални војници до генерали, стои во реакцијата.

Од Министерството за одбрана посочуваат дека во изминатиот период посветуваат особено внимание на охрабрувачките мерки за поттикнување и инкорпорирање на соодветна и правична застапеност на заедниците, особено кога станува збор за интерни огласи, но и јавни огласи и конкурси.

-Армијата и одбраната се професионална структура која никогаш не земала предвид нечија етничка припадност. Тоа така и ќе остане без оглед на обидите на политичките партии да ја оцрнат одбраната и Армијата кои имаат најголем углед кај граѓаните. Независно од етничката припадност, секој оној што со својот професионализам, труд и посветеност придонесува во системот на одбраната ќе биде награден или унапреден, а секој што работи спротивно на интересите на граѓаните и кој нанесува штета на угледот на Армијата и Министерството ќе биде санкциониран, се истакнува во реакцијата.

Во однос на модернизацијата на Армијата, како што се посочува, несфатливо е тврдењето дека постои застој, иако како член на Комисијата за одбрана и безбедност во македонското Собрание, пратеникот знае дека оваа година над 32 проценти од одбранбениот буџет се одвојуваат за оваа намена, 106 милиони евра ќе бидат инвестирани во опремување, што е 18 милиони евра повеќе од минатата година. Овој процес тече, велат од МО, и граѓаните тоа го гледаат, а дополнително оваа година ќе се комплетира набавката на лесните оклопни возила JLTV, ќе пристигнат оклопните возила „Stryker“, системите за против-воздушна одбрана „Mistral 3“, артилериските системи „Boran“, лесно пешадиско вооружување и останата лична опрема, со што борбената готовност на Армијата значително ќе се зајакне.

-Во однос на униформите, изминативе години се набавувале делови од униформи односно еден дел од една компанија, еден дел од друга итн. и за жал квалитетот е различен. Токму заради тоа и заради реакциите на припадниците на Армијата кои со гордост ја носат, донесовме одлука наместо набавка на униформа во делови од различни компании, да пристапиме кон набавка на комплет униформи. До крајот на јуни оваа година ќе обезбедиме 3.900 нови комплети униформи, а дополнително согласно донесениот План за јавни набавки за оваа година обезбедени се над 100.000.000,00 денари за чизми, борбени, службени и гардиски униформи, истакнуваат од МО.

Оттаму велат дека во однос на храната на секој еден припадник на Армијата му се исплаќа месечен надоместок од 15 отсто од просечната плата во државата за претходната година, односно на месечно ниво од околу 5.500 денари, сразмерно на деновите кои вработениот ги поминал на работа. Но, како што стои во реакцијата, за припадниците кои се ангажирани 24 часа на работа, како што се стражарската служба, дежурниот персонал и активностите на терен се обезбедува храна.

-Постапката за унапредување и поставување на началникот на Генералштабот на Армијата, Сашко Лафчиски, е целосно спроведена во согласност со законот и притоа не е сторена никаква повреда на ниту една правна норма од позитивното законодавство на Република Северна Македонија, истакнуваат од МО.

Во однос на изнесените информации за пополнетоста со воен персонал во Армијата со припадници од албанска етничка припадност, од МО информираат дека заклучно со јануари 2025 година застапеноста изнесува 24,26 проценти односно 1,18 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, кога изнесувал 23.08 проценти. Во однос на старешинскиот кадар, во дел од единиците, припадниците на Армијата од албанска националност се околу 30 отсто, а како пример застапеноста во Воената полиција е 29,27 проценти.

Од МО нагласуваат дека од вкупно пет команданти на првопотчинетите команди и единици на ГШ на Армијата, двајца команданти (во Командата за операции и во Логистичката база), како и еден заменик на командант (во Командата за обука и доктрини) се припадници од албанската националност.

– Уште еднаш потенцираме дека се работи за неоснована, непотврдена и неточна информација, која има единствена цел да изврши дезинформирање на јавноста, а со тоа да се наштети на имиџот и угледот на Министерството за одбрана и на Армијата. Министерство за одбрана кое работи во интерес на државата, на граѓаните и врз основа на важечките закони, ќе продолжи и во иднина да ги цени и вреднува сите вработени и нивната компетентност и придонес за одбраната, се наведува во реакцијата на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на прес-конференцијата на политичката партија ДУИ.

Д. Т. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Од аздисаност до изгубеност

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ