• Latest

Битиќи: Граѓаните живеат тешко, мора итно да се примени Законот за нефер практики за да се намалат цените

February 13, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Суровата реалност на протестите во Србија: Полициска бруталност, закани, селективни апсења

August 21, 2025
Војо Маневски

Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?

August 21, 2025
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Дипломатија или капитулација – Како граѓаните ги гледаат напорите за мир во Украина

August 21, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на CCTV+

Кинескиот претседател Си во ненадејната посета на анектираниотТибет

August 21, 2025

ДЗР: Системот за заштита на жените жртви на насилство е недоволно ефикасен

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Битиќи: Граѓаните живеат тешко, мора итно да се примени Законот за нефер практики за да се намалат цените

February 13, 2025 09:27
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма истакна дека граѓаните живеат се потешко а Владата не презема системски мерки и потензираше дека мора итно и целосно да се применува Законот за нефер трговски практики, како системско решение со чија имплементација ќе се намалат цените и до 30%.

-Кога го имате тој механизам, да кажете дека не можете да интервенирате тогаш вистина е многу сериозен проблем во функционирањето на институциите и на целокупната влада, тоа е бегање од системско решение на проблемите. Граѓаните секојдневно плаќаат повеќе, граѓаните секојдневно живеат победно, него што живееле вчера, а владата дава грејс период на спроведување на закон. Каков е тој грејс период во спроведување на законите на штета на граѓаните? Цените ќе паднат за 30% пониско и ќе се реши проблемот системски само со примена на Законот за нефер трговски практики, истакна Битиќи.

Мерката која што сега владата ја презема со замрзнување на маржи е недоволна и власта принудно ја презема иако во опозиција ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваше, додаде тој потенцирајќи дека е нелогично да има стапка на инфлација од 3% а да има зголемување на цените и до 30%.

-Македонија е една од ретките земји во кои има ниска стапка на инфлација и зголемување на цени во малопродажба и севкупно 10 пати повеќе од стапката на инфлација. Во моментов стапката на инфлација е 3%, а имаме зголемување на цени од 30%. И тоа е нелогично однесување за што власта мора да преземе мерки а не да вели дека прави анализи. Нема чекање, затоа што така дава одредени претпоставки дека можеби нешто друго се крие позади, потенцираше пратеникот Битиќи.

Битиќи: Владата крие дека ќе се задолжи дома за 950 милиони евра, огромен е буџетскиот дефицит

Унгарските пари, освен што се корозивен капитал, имаат финансиска цена а имаат и политичка цена која ќе ја видиме многу брзо, ја гледаме со влегувањето на третиот оператор од Унгарија, како дел од политичкиот договор, истакна пратеникот Битиќи.

Тој нагласи дека унгарскиот кредит е супститут на домашните пари.

-Влегуваат 250 милиони за финансирање на стопанството преку комерцијалните банки, т.е. преку Развојната банка, а при тоа влада го крие моментот дека оваа година ќе се задолжи 950 милиони евра од комерцијалните бании за покривање на дефицитот нивен, рече Битиќи.

Битиќи нагласи дека средствата од унгарскиот кредит за компаниите имаат само навидум ниска каматна стапка, која не е вистински во висина од 1.95, туку заедно со се кумулативната каматна стапка е 5.1 %.

Колкава е цената, а колкав е ефектот? Ефектот нема да придонесе ништо во севкупниот економски раст затоа што 250 милиони ерва нема да можат да се пласираат во 2025. А знаете зошто? Затоа што унгарските пари се потрошени. Затоа ја натеравте Развојата банка да се задолжи во буџетот на државата како никогаш досега, затоа што парите се потрошени, за покривање на буџетскиот дефицит, рече пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма“, велат од СДСМ – Центар за комуникации со јавноста.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ