Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во објава на социјалната мрежа Х на 1086 ден од целосната инвазија се осврна на обраќањето на Претседателот на Украина, Володимир Зеленски за неговиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.
Ден 1086. „Веруваме дека силата на Америка е доволна за, заедно со нас и со сите партнери, да ја притиснеме Русија до мир“, – обраќање на Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, напиша амбасадорката Дир на Х.
Ден 1086. „Веруваме дека силата на Америка е доволна за, заедно со нас и со сите партнери, да ја притиснеме Русија до мир“, – обраќање на Претседателот на Украина, Володимир Зеленски: pic.twitter.com/ttvVVIN4jY
— Larysa Dir (@dir_larysa) February 13, 2025
„Имав долг и детален разговор со претседателот Трамп. Ја ценам неговата искрена заинтересираност за нашите заеднички можности и како заедно можеме да донесеме вистински мир. Разговаравме за многу аспекти – дипломатски, воени и економски – и претседателот Трамп ме информираше за тоа што му кажал Путин. Веруваме дека силата на Америка, заедно со Украина и сите наши партнери, е доволна за да ја принуди Русија на мир“, кажа Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во обраќањето.
Драган Мишев