• Latest

Глобални кризи без решение – состанокот на Г20 во Јоханесбург заврши без договор

February 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на X

Шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев стана вирална – реакција од Белата куќа

October 3, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Во Норвешка уапсени тројца Германци по инцидентот со дрон

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

ОН: Безбедните зони на југот од Појасот Газа се фарса и места на смртта

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Во Чешка попладнево започнаа парламентарните избори, учестуваат 26 партии и коалиции и 4.462 кандидати

October 3, 2025

Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас

October 3, 2025

УНИЦЕФ: Локалните лидери мора да ја стават иднината на децата на прво место

October 3, 2025
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина

За употребата на токсични хемиски супстанци од страна на Русија против вооружени сили на Украина

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Орскнефтеоргсинтез во руската област Оренбург на 3 октомври 2025 година. Фото: SBU

Украински дронови ја погодија една од најголемите руски рафинерии во јужен Урал, потврдува извор од СБУ

October 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Глобални кризи без решение – состанокот на Г20 во Јоханесбург заврши без договор

February 21, 2025 13:02
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерите за надворешни работи на групата Г-20 се собраа на дводневен состанок во Јужноафриканската Република (ЈАР), но дискусиите за клучните глобални кризи, како војните во Украина и Газа, не резултираа со консензус. Дополнителна тешкотија беше одлуката на САД да не учествуваат во разговорите, коментираат денеска западни медиуми.

Американскиот државен секретар Марко Рубио ја бојкотираше средбата, наведувајќи на социјалната мрежа „Икс“ дека „нема да толерира антиамериканизам“. Вашингтон најави дека ќе го прескокне и состанокот на министрите за финансии од Г20 следната недела.

ЈАР, како прва африканска земја што претседава со Г20, се надеваше на постигнување компромис меѓу развиените и земјите во развој. Но, на отворањето на самитот, јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса призна дека постои „сериозна поделба меѓу големите сили за решавање на глобалните проблеми“.

– Геополитичките тензии, конфликтите, климатските промени и економските кризи го загрозуваат глобалното заедништво, рече Рамафоса. Сепак, тој нагласи дека отсуството на Рубио „не е катастрофа“, бидејќи САД „секогаш имаат свој претставник“ на форумите на Г20.

Средбата во Јоханесбург ја одбележа затегнатата атмосфера меѓу западните и руските претставници. Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами изјави дека „не гледа вистинска волја за мир од Русија“.

– Од тоа што го слушнав од (шефот на руската дипломатија Сергеј) Лавров, не гледам никаква намера за прекин на војната во Украина“, изјави Лами. Тој додаде дека рускиот министер ја напуштил салата во моментот кога Велика Британија почнала со своето обраќање.

Знак за поделбите беше и тоа што не беше направена традиционална групна фотографија на дипломатите. Според дипломатски извори, неколку западни земји одбиле да се фотографираат заедно со рускиот министер Лавров.

Во меѓувреме, Русија и Кина ја искористија средбата за да ја зацврстат својата соработка. Лавров се сретна со неговиот кинески колега Ванг Ји, при што двајцата ја нагласија важноста на нивното „стратешко партнерство“.

Кинескиот министер изјави дека Г20 треба да биде „сила за мир и стабилност“, додавајќи дека Кина се залага за мирно решавање на конфликтите, вклучително и во Украина и Газа.

„Мораме да избегнеме блоковска конфронтација и да ги решаваме кризите преку дијалог, а не преку санкции и конфликти“, рече Ванг.

Групата Г20, која ги обединува најголемите светски економии, има за цел да ги надмине разликите меѓу развиените и земјите во развој. Но, поделбите меѓу САД, Европа, Русија и Кина се продлабочуваат, особено поради војната во Украина.

Вашингтон веќе најави дека нема да учествува ни на главниот Самит на Г20 во ноември. Аналитичарите предупредуваат дека оваа одлука дополнително ќе ја ослаби ефективноста на Г20 како глобален форум, а САД повторно се движат кон политиката „Америка на прво место“ под водство на претседателот Доналд Трамп.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ