„Русија започна крвава воена агресија не е само за Украина, туку таа се однесува сите нас кои веруваме во слобода, демократија и достоинство. Се однесува на вредности кои не дефинираат како нации и луѓе. Ги знаеме нашите вредности и бидејќи веруваме во нив, затоа ги браниме. За одбрана на овие вредности потребни се обединети и одлучни акции што одговараат на скалата на агресија со која се соочуваме. Главната цел не смее да се промени: Не само да се стави крај на војната, туку и да се спречи агресијата и да се обезбеди долготраен мир. Најсилната, најевтината и најпрактична гаранција за безбедност би било НАТО членството“, изјави Вилма Дамбраускиене, Амбасадорка на Литванија во Северна Македонија на настанот по повод три години од отпорот на Украина против руската агресија, 24 февруари 2025 што се одржа во Јуроп Хаус Скопје / Делегација на ЕУ во Република Северна Македонија.
„Не може да има преговори за Украина без Украина, исто како што не може да има планови за Европа без Европа.
Да се осигуриме дека Украина ќе добие сѐ што и треба да постигне победа. Победата на Украина е европска победа, победа на светот. Тоа е победа на слободата над оние кои се сакаат да ја избришат. Ако ја изневериме Украина, сме се иневериле себеси и ќе ја издадеме иднината на праведниот свет“, изјави Дамбраускиене.