• Latest

Од средина на април задолжително објавување на цените на веб страниците на маркетите

February 28, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

September 30, 2025
Maximilian Krah -AfD
Source: Wikipedia

Поранешен асистент на пратеник на АфД осуден на пет години затвор за шпионажа со Кина

September 30, 2025

Чешка најави ограничување на влез на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

24 ЧАСА: Изборна кампања 2025 – локални избори без локални теми; Европа да даде силен и обединет одговор на руските упади со дронови; Трамп најави нови царини меѓу кои и 100% на филмови направени во странство

September 30, 2025

БИРН: Кол-центри во Белград измамиле луѓе за околу 250 милиони евра

September 30, 2025
фото: СДСМ

Филипче: СДСМ нема соработка со ДУИ и Левица, граѓаните сакаат сериозни теми, не национализам

September 30, 2025

Апасиев вулгарно ја започна кампањата за локалните избори: „Посерисе на Мицковизмот“

September 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на
European Commission

Фон дер Лајен: Европа мора да даде силен и обединет одговор на руските упади со дронови

September 30, 2025

Мицкоски: Нека ме нарекуваат заостанат, но многудетното семејство е патриотски чин и клуч за иднината на Македонија

September 30, 2025

Стејт департмент: Северна Македонија на Ниво 2 во борбата против трговијата со луѓе – потребни дополнителни мерки

September 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Од средина на април задолжително објавување на цените на веб страниците на маркетите

February 28, 2025 14:10
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно измените на Законот за заштита на потрошувачите, почнувајќи од средината на април трговците ќе имаат задолжителна обврска да ги објавуваат цените на сите производи на своите интернет страници, а во наредните десет дена ќе бидат објавени и правилниците на кој начин истите треба да се објавуваат, информираше министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Тој подвлече дека Државниот пазарен инспекторат ќе излезе на терен и за маркетите кои нема да ја почитуваат одлуката, казните ќе се движат од 500 до 10 илјади евра, па и до затворање на маркетите во траење од 15 дена.

-Поради растот на цените на основните прехранбени произвиоди и стабилизација на инфлацијата, на почетокот на неделата, Собранието на предлог на група пратеници ги изгласаа измените на Законот за заштита на потрошувачите. Со овие измени, трговците, почнувајќи од средината на април, ќе имаат задолжителна обврска да ги објават цените на сите производи на своите интернет страници. Законот, кој очекуваме деновиве да биде објавен во Службен весник, предвидува во рок од 45 дена, од денот на влегување на сила на истиот, трговците на своите веб страници да ги објават цените на сите производи кои ги продаваат во своите продавници, рече Дурмиши на денешната прес-конференција.

Тој информираше дека во наредните десет дена ќе бидат објавени и правилниците кои ќе пропишуваат на кој начин ќе треба да се објавуваат цените од страна на трговците. Напомена дека со овие законски измени очекуваат поголема транспарентност на цените во маркетите, подобрена конкурентност и намалување на цените.

-Граѓаните сега ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари. Ќе знаат секој производ во кој маркет и по која цена се продава. Можат сами да одберат кој производ да го земат и од кој маркет. Ваквата мерка ќе придонесе и до зголемување на конкурентноста меѓу трговците и намалување на цените на производите. Потрошувачите ќе бидат целосно информирани за тоа кој производ колку чини, додаде Дурмиши.

Како што подвлече, овој Закон се однесува на мали и средни претпријатија, не ги опфаќа микротрговците и трговците поединци, односно маалските дуќани.

-Оваа законска измена следува откако минатата недела Владата по предлог на Министерството за економија и труд донесе одлука за ограничување на маржите на 120 групи на основни прехранбени производи и на производите за хигиена, како и за ограничување на производите на осум групи на најасновните прехранбени производи, рече министерот.

Како што и претходно информираше, овие две мерки се веќе на сила и ќе траат заклучно до 30 април, а ќе бидат опфатени и претстојните празници.

-Со одлуката за ограничување на бруто профитната маржа на трговија на големо и мало на 120 групи на производи или на над илјада прехранбени и непрехранбени производи, опфатени се пет проценти бруто профитна маржа на основните осум прехранбени призводи – млеко, леб, брашно, јајца, масло, јогурт, кисело млеко и други. Десет проценти бруто профитна маржа на прехранбени производи каде опфаќа група од 55 прехранбени производи – месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз, тестенини и други. Петнаесет проценти бруто профитна маржа на 39 прехранбени производи – свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија, рече Дурмиши.

Како што напомена, Државниот пазарен инспекторат е на терен и инспекторите постапуваат по одлуката дали маркетите ги усогласиле своите цени на полиците.

Напомена дека до крајот на оваа недела предвидено е да се направи надзор на над илјада трговски објекти низ државата, по што Државниот пазарен инспекторат ќе излезе со податоци за евентуално непочитување на истата од страна на одредени маркети.

-Ако постојат маркети кои не ја почитуваат одлуката на Владата, казните ќе се движат од 500 до 10 илјади евра, па и до затворање на маркетите во траење од 15 дена. Очекувањата се дека цените ќе се намалат во просек од околу 10 проценти, со што ќе влијаеме на стабилизирање на инфлацијата и заштита на животниот стандард на граѓаните, додаде Дурмиши.

Фото: принтскрин

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ВМРО-ДПМНЕ контра СДСМ со „македонска резолуција“ по локалните избори

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ