• Latest
Фото: Фејсбук

Силјановска Давкова: Не е лошо човек понекогаш да се извини, треба да се мерат зборовите во Собранието

March 4, 2025
Скриншот од видео на АРТ

Десетици убиени во судирите меѓу Пакистан и Авганистан во најжестоките борби откако Талибанците се вратија на власт

October 13, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон го објави новиот кабинет со премиерот Себастијан Лекорну, додека притисокот околу буџетот се интензивира

October 13, 2025
Скриншот од видео на FOX news

Трамп размислува да испрати ракети „Томахавк“ во Украина

October 13, 2025
Израелски хеликоптери се упатуваат кон базата Реим за да ги примат вратените заложници. Фото: ИДФ

Првите седум ослободени заложници од Газа придружувани од ИДФ се враќаат во Израел, потврди војската

October 13, 2025

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Силјановска Давкова: Не е лошо човек понекогаш да се извини, треба да се мерат зборовите во Собранието

СДСМ: Силјановска ја штити и релативизира за Кочоска, таа е нем набљудувач на дискриминацијата

March 4, 2025 12:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката Гордана Силјановска Давкова изјави дека сите политичари, како и пратениците треба да внимаваат на говорот, а “не е лошо човек да се извини”. Изјавата на Силјановска е дадена неколку дена по навредливите зборови на министерката Гордана Кочоска упатени кон пратеничката Славјанка Петровска, дека пратеничката нема право да зборува за мајки со деца, кога самата не е мајка.

„Сум рекла многупати дека во Собранието треба да се мерат зборовите. Особено мажите треба да ги мерат зборовите. Ние жените треба да внимаваме кога е во прашање друга жена. Не е лошо човек да се извини. Намерата не била лоша намера, мислам дека ќе не доведе до надменување на ваквите проблеми“, рече Сиљановска-Давкова на новинарско прашање, при учеството на националната конференција „Заедно сме посилни“.

СДСМ побара оставка од министерката за финансии, а пратеничката Славјанка Петровска најави поднесување претставка за дискриминација.

Кочовска го отфрли барањето за оставка, а во јавните настапи рече дека Петровска се прави жртва.

СДСМ: Сиљановска ја штити и релативизира за Кочоска, таа е нем набљудувач на дискриминацијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која во кампањата се претставуваше како борец за правата на жените, денес молчи пред отворена дискриминација кон една жена, пратеничка во Собранието. Наместо јасно и недвосмислено да ја осуди навредата на министерката Кочоска кон пратеничката Петровска, Сиљановска се задоволи со блага и беспомошна констатација дека „не е лошо човек понекогаш и да се извини“, велат од СДСМ.

„Оваа изјава не е ниту осуда, ниту порака за заштита на жените од дискриминација – напротив, тоа е релативизирање на проблемот и обид да се заташка скандалот. Од Сиљановска очекувавме да покаже истата жестина во одбрана на женските права каква што покажуваше пред изборите, но очигледно дека тогашната борба била само празна реторика за политички поени“, додаат од СДСМ.

Фактот што министерката Кочоска не само што не се извини, туку во интервју дополнително ги продлабочи навредите, е доволен показател дека оваа Влада нема ниту основна политичка култура, ниту чувствителност кон дискриминацијата врз жените.

СДСМ прашува – каде е сега борецот за женски права Гордана Сиљановска? Ако дури и претседателката не смета дека една ваква навреда заслужува јасна и силна осуда, тогаш таа го губи секој кредибилитет да зборува за родова еднаквост и заштита на жените.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ