• Latest

Меѓународен ден на жената: „За СИТЕ жени и девојки: Права. Еднаквост. Зајакнување“

March 8, 2025

Парада на победата во Москва, 9 мај 2025 година

May 10, 2025

Мастрафот си ти

May 10, 2025

Трамп соопшти дека Индија и Пакистан постигнале договор за целосен прекин на огнот

May 10, 2025
Министерот Тимчо Муцунски во Лвив, Украина, на Денот на Европа, 9 мај 2025 (фото извор: Профилот Х на Муцунски)

Министерот Муцунски беше дел од министерскиот состанок на Основната група за Специјалниот трибунал за злосторство агресија против Украина; Амбасадорката Дир се заблагодари за поддршката

May 10, 2025
A sculpture installation at the Lawn on D | Flickr (CC BY-NC-ND 2.0)

Револуцијата на градот во кој може да се живее

May 10, 2025
Фото: Zaporizhzhia RMA

Северна Македонија се приклучи на повикот на ЕУ за безусловен 30-дневен прекин на огнот во Украина

May 10, 2025

Љубомора и завист во антизападниот македонски политички блок

May 10, 2025
Потписот на Доналд Трамп (Wikimedia Commons)

Трамп преку проглас ќе промовира порака за „самодепортација“ на мигрантите

May 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан и Индија се движат кон тотална војна по новиот бран напади

May 10, 2025

Борел: Три пати повеќе експлозивна моќ е фрлена врз Газа отколку што беше употребена во бомбата во Хирошима, а ние снабдуваме половина од тие бомби!

May 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Меѓународен ден на жената: „За СИТЕ жени и девојки: Права. Еднаквост. Зајакнување“

March 8, 2025 08:55
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот ден на жената – 8 март се прославува секоја година во сеќавање на протестот на текстилните работнички во Њујорк со барање за поголеми права, одржан на овој датум во 1857 година. Обединетите нации почнаа да го чествуваат овој ден од 1975 година, а две години подоцна Генералното собрание на ОН ги повика земјите членки да го прогласат 8 март за официјален празник на Светската организација посветен на правата на жените и светскиот мир.

Од тогаш, Меѓународниот ден на жената се прославува на глобално ниво со фокус на движењето за правата на жените, родовата еднаквост, репродуктивните права и борбата против насилството и злоупотребата на жените. Годинава мотото на ОН за одбележувањето на 8 Март е „За СИТЕ жени и девојки: Права. Еднаквост. Зајакнување“.

Чествување на овој ден се врзува со иницијативата за воведување на универзалното право на глас, односно овозможувањето и жените да гласаат на избори на почетокот на минатиот век, како и со активностите на работничките движења во Северна Америка и Европа. Првата регистрирана прослава на Денот на жената е на 28 февруари 1909 година во Њујорк во организација на Социјалистичката партија на Америка, а веќе од следната година се организирани и првите демонстрации и манифестации во Европа посветени на правата на жените.

Инспирирани од овие настани, германските делегатки, предводени од Клара Цеткин, на Меѓународната женска социјалистичка конференција одржана во август 1910 година во Копенхаген, предложија чествување на Ден на жената, иако во нивната иницијатива не беше посочен конкретен датум. Предлогот беше прифатен од страна на учесничките на Конференцијата со идеја Денот на жената да се искористи за промовирање на заложбите за родова еднаквост и за доделување на правото на глас на жените.

По ова, веќе следната година на 19 март ширум Европа е организирано првото одбележување на Меѓународниот ден на жената со одржување на протести на кои е побарано воведување на право на глас на жените, овозможување тие да вршат јавни функции, како и спречување на половата дискриминација при вработувањето.

Дополнителен мотив за борбата за женски, пред се работнички, права беше пожарот во текстилната фабрика „Триангл Ширтвејст“ во Њујорк на 25 март 1911 година, во кој загинаа 146 работници, од кои повеќето жени и мигранти.

Во првите децении на 20 век не постоел усогласен датум на меѓународно ниво за одбележување на Денот на жената. Во САД во тој период „Националниот ден на жената“ се одбележувал во последната недела во февруари, додека во Русија првото чествување на „Меѓународниот ден на жената“ било организирано во 1913 година и тоа во последната сабота во февруари според Јулијанскиот календар, ден што според Грегоријанскиот календар бил 8 март.

Во Германија првото официјално одбележување на Меѓународниот ден на жената било организирано на 8 март 1914 година. Изборот на овој датум веројатно бил случаен, имајќи предвид дека таа година тој ден било недела. Примарно барање од протесните собири на овој ден било воведување на правото на глас за жените во Германија, што им е овозможено четири години подоцна со прогласувањето на „Вајмарска Република“. Истата година, Денот на жената е одбележан и со протест на плоштадот Трафалгар во Лондон. Овој протест најмногу добива на гласност поради апсењето на британската активистка за женски права Силвија Панкхарст, на која и било оневозможено да говори на собирот.

На 8 март 1917 година според Грегоријанскиот календар (23 февруари според Јулијанскиот календар) во Петроград се одржани протести на текстилните работнички под слоганот „Леб и мир“, поради незадоволството од недостигот на храна и со барање за повлекување на Русија од Првата светска војна, што беше вовед во руската Февруарска револуција, која доведе до абдикација на царот Николај и воведување на правото на глас на жените. Веќе во текот на истата година, на иницијатива на болшевиците, 8 март е прогласен за празник во Русија. Со одлука на Президиумот на Врховниот Совет на Советскиот Сојуз од 8 мај 1965 година, 8 Март е прогласен за неработен ден во земјата во спомен на, како што е наведено во образложението, „извонредните заслуги на советските жени во изградба на комунизмот и во одбраната на татковината за време на Големата патриотска војна (Втора светска војна – н.з.) и нивното херојство и несебичност, како и за големиот придонес во зајакнувањето на пријателството меѓу народите и борбата за мир“.

Првото чествување на 8 март во Кина е одржано во 1922 година во организација на Кинеската комунистичка партија, а во 1927 година во градот Гуангжу е организиран марш со учество на околу 25.000 лица, кој освен од комунистите бил поддржан и од десничарската Националистичка партија на Кина (Куоминтанг) и од Младинската женска христијанска асоцијација. По прогласувањето на Народна Република Кина, кинескиот Државен совет на 23 декември 1949 година го прогласува 8 март за официјален Празник на жената и кинеските жени добиваат право на користење на полудневен одмор на тој ден.

На иницијатива на Комунистичката партија на Шпанија и нејзината легендарна лидерка Долорес Ибарури на 8 март во 1936 година во Мадрид е одржан „женски марш“ со кој е одбележан Денот на жената.

Токму поради инсистирањето за чествувањето на Денот на жената од страна на комунистичките партии и неговата прослава во реал социјалистичките држави од Источна Европа и Азија, во првите децении по Втората светска војна овој празник е поврзуван со социјалистичките и левичарските движења. Но, во втората половина на 60-те години на минатиот век за прослава на 8 март почнуваат да се залагаат и припадничките на феминистичкото движење и женскиот активизам, кое во тој период е во подем, што доведе и до менување на перцепцијата за него и резултираше со прогласувањето на Меѓународниот ден на жената од страна на ОН.

Денес, 8 Март е официјален државен празник во Белорусија, Виетнам, Ерменија, Русија, Кина, Молдавија, Монголија, Узбекистан и Украина, додека во останатите земји тој се одбележува во светло на промоција на постигнувањата на жените, женските права и борбата за рамноправност.

Но, глобализацијата и современите пазарни текови преку блескави маркетинг кампањи и шопинг акции го искомерцијализираа Меѓународниот ден на жената и го претворија во ден за поклонување подароци. Од друга страна, се бележат и тенденции за релативизација на празникот со негово чествување како „Ден на мајката“, што дел од застапниците за борбата за женски права го сметаат за обид за дефокусирање од изворните цели на одбележување на Денот на жената. Сето ова, заедно со подемот на социјалните медиуми, доведе до промовирање на некои недоволно јасни идеи за еднаквост, наместо првичните цели за социјални реформи и рамноправност. / МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ