• Latest

Од вкупниот број на жртви на кривични дела од семејно насилство во земјава, 80 отсто се жени

March 8, 2025
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
Скриншот од видео на
The Free Press Journal

Најмалку 27 лица убиени во судирите меѓу Хамас и вооружени членови на клан во градот Газа

October 13, 2025
Скриншот од видео на АРТ

Десетици убиени во судирите меѓу Пакистан и Авганистан во најжестоките борби откако Талибанците се вратија на власт

October 13, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон го објави новиот кабинет со премиерот Себастијан Лекорну, додека притисокот околу буџетот се интензивира

October 13, 2025
Скриншот од видео на FOX news

Трамп размислува да испрати ракети „Томахавк“ во Украина

October 13, 2025
Израелски хеликоптери се упатуваат кон базата Реим за да ги примат вратените заложници. Фото: ИДФ

Првите седум ослободени заложници од Газа придружувани од ИДФ се враќаат во Израел, потврди војската

October 13, 2025

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Од вкупниот број на жртви на кривични дела од семејно насилство во земјава, 80 отсто се жени

March 8, 2025 12:57
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Расте бројот на жени кои се жртви на семејно насилство во последните четири години. Сместувањето во шелтер центри е краткотрајно, жртвите се брзо оставени на „милост“ на насилниците, предупредуваат невладините. Тие спречија законски измени кои предвидуваа на полицаец обвинет за семејно насилство да не му се одзема оружјето.

„Се омажив од љубов по неколкугодишна врска, но со раѓањето на првото дете мојот сопруг се смени преку ноќ. Ме обвинуваше дека сум лоша мајка, а бебето беше плачливо. Се пожалив на мајка ми, но таа ми рече трпение-спасение“. Вака за Радио Слободна Европа ја раскажува својата животна приказна, жена од внатрешноста на земјата, која сакаше да остане анонимна, а нејзиниот идентитет ѝ е познат на редакцијата.

Надежта за спас на бракот ја гледала во советување во локалниот Центар за социјални работи, но таму стручните лица ѝ рекле дека таа е за на психолог. Ситуацијата кулминирала по враќањето дома, кога во вечерните часови сопругот ја претепал.

Раѓањето на второто дете, вели нашата соговорничка, донело мир, но тоа траело кратко, сè додека таа не останала без работа.

„Се случуваше да ми рече да станам од масата за ручек, оти тој го купил јадењето. Одев во другата соба да плачам, а децата седнуваа до моите нозе и се чудеа зошто плачам“, раскажува жртвата на насилство.

За четири години, или од 2020 до 2024 година за 20 проценти е зголемен бројот на жени жртви на семејно насилство, покажуваат поодатоците на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Бројките пак, на Министерството за внатрешни работи варираат. Податоците кои МВР ги достави до РСЕ, покажуваат дека во 2024-та година, вкупниот број на жртви на кривични дела од семејно насилство изнесува 1.146, од кои 80 отсто се жени. Меѓу мажите насилници преовладуваат сопрузите на жртвите.

И покрај ваквите алармантни податоци, Министерството за внатрешни работи изготви измени на Законот за полиција кои задираат во прашањето за родово-базираното насилство. Веднаш жестоко реагираа неколку граѓански здруженија обединети во Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Затоа МВР ја повлече предложената измена на членот 31, со кој практично се превидуваше да не му се одзема оружјето на полициски службеник кој сторил семејно насилство сѐ до правосилно завршување на судската постапка против него, потврдија од МВР за РСЕ.

Жртви на институциите

Најголем проблем останува што не само во полицијата, туку и во другите институции, жртвите на семејно насилство стануват и „жртви“ на несоодветен третман од страна на државните службеници.

„Се случува институциите да гледаат со презир кон жена која што била претепана, можеби била силувана, но ја третираат како сама да си го барала“, вели проектната координаторка во Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Хајди Штерјова Симоновиќ .

Според неа, „алармот“ на институциите треба да се вклучи уште при пријавата на насилството, а жртвата и нејзините деца, доколку ги има, да добијат заштита и поддршка сè до целосна реинтеграција.

„Дури полицијата или центрите за социјална работа да постапат по сите чекори согласно закон, секогаш имаме некоја алка во системот која прекинува и од тука натаму жртвата од една страна е институционално виктимизирана, а од друга страна не ја добива заштитата. Тоа му дава сила на насилникот “, објаснува Шетрјова Симоновиќ.

Преземено од Радио Слободна Европа

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ